Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија, Македонија треба да води разговор со Брисел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија, Македонија треба да води разговор со Брисел
БАЛКАН

Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија, Македонија треба да води разговор со Брисел

Објавено October 13, 2024 23:00
Сподели
Сподели

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека нема потреба од посредништво во разговорите меѓу Скопје и Софија, за продоложувањето на преговорите на земјава, јави БТА.

На прашањето да даде коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен да води преговори со бугарскиот претседател, Радев рече дека отсекогаш бил отворен за дијалог, но, според него, треба да се прави разлика меѓу дијалог и преговори.

– Преговорите меѓу Бугарија и Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол за договорот за добрососедство. Ако зборуваме за дијалог, тој треба да се води меѓу Македонија и Европската комисија и тоа врз основа на прифатената Преговорачка рамка за Македонија, која со консензус, едногласно е усвоена од сите земји членки на ЕУ и е прифатена од Владата на Македонија, рече Радев во изјава за бугарски медиуми.

Според него, работите се и повеќе од јасни и дека Македонија треба да ги исполни барањата поставени од Европската Унија, а Бугарија, како што рече, може да помага во тој процес.

-И ќе повторам по којзнае кој пат, ние сме подготвени и ние треба да помогнеме. Тоа е нашата одговорност, и тоа да помагаме Македонија побрзо и поефективно да ги исполни условите запишани во двостраниот протокол и во Преговарачката рамка, така што би можеле посигурно да чекорат по европскиот пат, изјави бугарскиот претседател.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие хороскопски знаци никогаш не би ги оставиле партнерите, верни се до крај
Следна Статија Германија бележи рекорден приход од данокот на кучиња, стотици милиони евра во општинските каси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Бебе паднало од трети кат од зграда во Нови Пазар и останало живо- очевидците шокирани

Двегодишно дете под неразјаснети околности паднало од третиот кат од станбена зграда во центарот на Нови Пазар. Според очевидци, детето…

October 13, 2024
БАЛКАН

Амбициозен план на Еди Рама: Дали Албанија ќе стане првата земја во која нема да се плаќа со кеш?

Во земја каде што готовината е крал, премиерот Еди Рама сака да ја направи Албанија првата држава без пари до…

August 5, 2025
БАЛКАН

Земјотреси од 5,1 степен во близина на Санторини – за 19 дена над 19.200 потреси

Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини…

February 17, 2025
БАЛКАН

Нова провокација од Бугарија: Виктор Стојанов, кој има забрана за влез во Македонија ќе прави панихида за Мара Бунева

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?