Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германија бележи рекорден приход од данокот на кучиња, стотици милиони евра во општинските каси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Германија бележи рекорден приход од данокот на кучиња, стотици милиони евра во општинските каси
ЗАБАВА

Германија бележи рекорден приход од данокот на кучиња, стотици милиони евра во општинските каси

Објавено October 13, 2024 23:15
Сподели
Сподели

Градовите и општините во Германија на овој начин собрале 1,6 отсто повеќе пари од претходната година, објави Сојузниот завод за статистика.

Институтот ги објави податоците по повод Светскиот ден на кучињата, кој се одбележа во четвртокот, 10 октомври.

Приходите од данок на кучиња растат веќе 10 години. За тоа време тие скокнале за цели 41 отсто, велат статистичарите.

Повеќе даночни приходи не мора да значи повеќе кучиња. Имено, висината и структурата на даночната стапка ја одредува секоја општина поединечно. Износот на данокот може да зависи од бројот на кучиња во домаќинството или од расата.

Околу 10,5 милиони кучиња живееле во германските домаќинства во 2023 година, според истражувањето на Централната асоцијација за домашни миленичиња (ZZF) и Здружението за индустрија за домашни миленици (IVH), пренесува Шпигел.

Кучињата им носат многу радост на сопствениците, но повлекуваат и дополнителни трошоци кои значително се зголемија во последните години. Цените на храната за кучиња и мачки се зголемија во 2023 година во просек за речиси 17 отсто.

Вкупната инфлација во истиот период изнесува 5,9 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија, Македонија треба да води разговор со Брисел
Следна Статија Џорџо Армани: Планирам да се пензионирам за две до три години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ова се некои од најубавите Божиќни базари во Европа

Интернет-страницата „Тајмаут“ (Time Out) објави листа на најдобрите божиќни базари, коишто не се само места каде што можете да се…

November 26, 2024
ЗАБАВА

Редок јагуар повторно забележан во планините на Хондурас

По повеќе од 10 години без ниту една трага, редок вид јагуар повторно е забележан во планинскиот венец Сиера дел…

April 14, 2026
ЗАБАВА

Џесика Алба се разведува по 17 години брак

Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се разведуваат по 17 години брак, објави ТМЗ. Двојката неодамна одлучи да ја…

January 9, 2025
ЗАБАВА

Вечерва пред „Борис Трајковски“ ќе ечат песните на Владо Јаневски

На  платото пред арената „Борис Трајковски“ вечерва ќе се одржи собир посветен на Владо Јаневски, каде неговите почитувачи ќе му…

June 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?