Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро“: се огласи и Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > „Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро“: се огласи и Зеленски
СВЕТ

„Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро“: се огласи и Зеленски

Објавено March 25, 2025 08:33
Сподели
Сподели

Разговорите меѓу делегацијата на САД и руската и украинската делегација поминаа добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, објави вчера вечер Ројтерс, повикувајќи се на извор од Белата куќа.

„Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро. Сите вклучени страни во разговорите работеа цел ден и до вечер. Очекуваме да имаме соопштение во блиска иднина“, Ројтерс цитираше неименуван извор.

Делегациите на Руската Федерација и на Соединетите Држави ги завршија разговорите во Саудиска Арабија претходно вчера, кои траеја повеќе од 12 часа.

Како што претходно јави ТАСС, руската и американската делегација по средбата се договорија за текстот на заедничката изјава, која треба да биде дистрибуирана во вторник.

Претходно, во неделата во Ријад се одржа средба меѓу американската и украинската делегација. Министерот за одбрана Рустем Умеров по средбата изјави дека таа била „конструктивна и суштинска“.

Умеров, кој ја предводеше украинската делегација, рече дека се разговарало за клучните прашања, особено во енергетскиот сектор.

Во меѓувреме, се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој изјави дека сите оние кои сакаат стабилност во меѓународните односи треба да се движат кон вистински мир и загарантирана безбедност.

„Русија останува единствениот актер кој ја одолговлекува оваа војна, исмејувајќи се и со нашиот народ и со светската заедница. За да ја турнеме Русија кон мир, ни требаат силни потези и силни акции“, рече Зеленски.

Како што наведе, Украина е подготвена да поддржи секоја силна иницијатива што може да ја направи дипломатијата поефикасна.

„Ова значи дека вршиме притисок врз Русија да сака да стави крај на оваа војна. Ова значи санкции. Ова значи поддршка за Украина. Ова значи меѓународна координација“, рече украинскиот претседател.

Зеленски додаде дека оваа недела се подготвува значителна работа со европските партнери на конкретни чекори во однос на безбедноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Д-р Пановски: Болниците во северните земји немаат резистентни соеви бактерии, добро е пациентите со изгореници таму да се лекуваат
Следна Статија (Видео) Еве како беше пречекан во училиште младиот херој Јован од Виница кој спаси повеќе од 20 деца од дискотеката Пулс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Речиси цело Чиле остана без струја: сообраќајот во колапс, воведен полициски час

Напојувањето е делумно вратено во делови од чилеанската престолнина Сантијаго, откако речиси целата земја остана без струја, јавува Би-Би-Си. Прогласена е…

February 26, 2025
СВЕТ

Кардиналите влегуваат во конклавата попладнево, се бира нов папа

133 кардинални електори ќе влезат во Сикстинската капела денес попладне и, зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе…

May 7, 2025
СВЕТ

Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата…

March 1, 2025
СВЕТ

Таа е втората дама на Америка: Ќерка е на имигранти, а цело време се држи настрана од медиумите

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера положи заклетва и ја помина церемонијата на инаугурација, а за време на истата, освен неговата…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?