Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Можеби треба да им се одземат лиценците на телевизиите кои ме критикуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Можеби треба да им се одземат лиценците на телевизиите кои ме критикуваат
СВЕТ

Трамп: Можеби треба да им се одземат лиценците на телевизиите кои ме критикуваат

Објавено September 19, 2025 08:40
Сподели
Сподели

Откако телевизиската мрежа ABC ја повлече вечерната емисија на Џими Кимел поради критики за однесувањето на највисоките претставници на американските власти по убиството на 31-годишниот конзервативен активист Чарли Кирк, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби“ на сите телевизиски мрежи што го критикуваат треба да им се одземат лиценците.

„Некаде прочитав дека 97 проценти од мрежите беа против мене. Да повторам: 97 проценти беа негативни за мене, а сепак лесно ги освоив сите седум „неизвесни“ држави“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Air Force One“, враќајќи се од Велика Британија.

„Тие медиуми ме прикажуваат само во лошо светло, а тие ја добиваат лиценцата. Мислам дека можеби нивната лиценца треба да се одземе“, додаде претседателот.

Телевизиската мрежа ABC, во сопственост на Дизни, објави дека ја суспендира вечерната ТВ емисија на Џими Кимел на неодредено време поради неговите коментари за реакцијата на Трамп и неговите поддржувачи на убиството на Чарли Кирк, нарекувајќи ги „банда“.

„Бандата MAGA (скратено од Make America Great Again) очајно се обидува да го прикаже овој човек што го уби Чарли Кирк како некој друг освен како еден од нив, и прават сè што можат за да освојат политички поени“, рече водителот Кимел во емисијата претходно оваа недела.

Кимел посочи дека осомничениот за убиството на Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, бил поддржувач на Републиканската партија на Трамп, иако властите во Јута рекоа дека осомничениот бил „индоктриниран со левичарска идеологија“.

ABC ја повлече емисијата на Кимел по заканите со санкции од Федералната комисија за комуникации (FCC).

Во емисијата на 15 септември, 57-годишниот Кимел му се потсмеваше на Трамп, велејќи дека неговата реакција на убиството на Кирк била „како четиригодишно дете кое тагува по златна рипка“.

По убиството, Кимел го осуди злосторството на својот Инстаграм профил.

Во разговор за „Фокс њуз“, претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендан Кар, рече дека приказната не завршува со суспензијата на Кимел.

„Ќе продолжиме да вршиме притисок врз радиодифузерите кои се одговорни за јавниот интерес“, рече тој.

„И ако на радиодифузерите не им се допаѓа, можат да ја достават својата лиценца до FCC.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Во Албанија, бот-министерката одржа говор, некои пратеници ја исвиркаа
Следна Статија Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Данскиот крал го смени грбот на земјата среде кавгата со Трамп за Гренланд

Данскиот крал шокираше некои историчари со менувањето на кралскиот грб за позначајно да ги прикажува Гренланд и Фарските Острови –…

January 7, 2025
СВЕТ

Ниеден гласач во Европа не излегол на избори за да ги отвори границите за милиони нелегални имигранти, порача Ванс од Минхен

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс остро ја критикуваше состојбата со слободата во Европа, при што посебно го издвои Обединетото Кралство.…

February 14, 2025
СВЕТ

Европските сојузници ќе го соберат поддршката за Украина додека притисокот на САД се зголемува

Стармер го домаќинува Зеленски, Мерз и Макрон во Лондон додека се обидуваат да спречат наметнување на договор врз Киев

December 9, 2025
СВЕТ

Орбан: Унгарија има добри шанси за договор со Вашингтон

Орбан, долгогодишен поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера изјави дека економскиот пакет ќе го продлабочи веќе постоечкиот политички сојуз…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?