Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Во Албанија, бот-министерката одржа говор, некои пратеници ја исвиркаа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (Видео) Во Албанија, бот-министерката одржа говор, некои пратеници ја исвиркаа
БАЛКАН

(Видео) Во Албанија, бот-министерката одржа говор, некои пратеници ја исвиркаа

Објавено September 19, 2025 08:37
Сподели
Сподели

Виртуелната министерка на албанската влада, Диела, генерирана од вештачка интелигенција, вчера „одржа говор“ во парламентот, застапувајќи ја програмата на премиерот Еди Рама, среде исвиркувања од опозицијата.

Диела, која свечено беше најавена од Рама на почетокот на септември, е „одговорна“ за сите одлуки во тендерите за јавни набавки. Во тоа време, премиерот рече дека тендерите „ќе бидат 100 проценти без корупција, а секој јавен долар доставен во тендерскиот процес ќе биде целосно транспарентен“.

Именувањето на виртуелниот министер ја налути опозицијата.

Целта е само да се привлече внимание“, рече поранешниот премиер и лидер на опозицијата Сали Бериша, кој самиот е обвинет за корупција.

„Невозможно е да се ограничи корупцијата со Диела. Кој ќе ја контролира Диела? Диела е неуставна, а Демократската партија ќе го однесе ова прашање до Уставниот суд“, предупреди Бериша.

Диела „рече“ дека Уставот зборува за должности, одговорности, транспарентност, без дискриминација.

„Ве уверувам, ги отелотворувам овие вредности подеднакво ригорозно како и секој човечки колега. Можеби дури и повеќе“, рече виртуелната министерка.

Рама го прекина говорот на Деиела поради исвиркувањата од опозицијата, но програмата на неговата влада сепак беше одобрена со 82 гласа „за“. Опозицијата го бојкотираше гласањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девојка сведочи како пред 12 години го пријавила убиецот на Росица во полиција, но не била единствена
Следна Статија Трамп: Можеби треба да им се одземат лиценците на телевизиите кои ме критикуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Букинг на чекор да се затвори во Србија – Луѓето кои издавале станови не плаќале данок!

Букинг (Booking), онлајн платформа за резервации на апартмани и хотели низ светот, во Србија се соочува со обвинувања од властите…

October 18, 2024
БАЛКАН

Во Словенија на 8 јули падна снег

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулска снежна…

July 8, 2025
БАЛКАН

Осуммина, меѓу кои и полицаец и мајка му се уапсени, откако 31 дете се најдени во куќа во БиХ

Осум лица се уапсени откако во куќа во областа Брчко биле пронајдени 31 дете, а во истрагата е вклучен и…

February 27, 2025
БАЛКАН

Хрватска прогласи ден на жалост по убиството на седумгодишното дете

Во Хрватска денеска е Ден на жалост по монструозниот напад врз ученици и вработени во основно училиште во Загреб, во…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?