Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Франсоа Оланд: Трамп подготвува капитулација на Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Франсоа Оланд: Трамп подготвува капитулација на Украина
СВЕТ

Франсоа Оланд: Трамп подготвува капитулација на Украина

Објавено November 17, 2024 20:30
Сподели
Сподели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој вети дека ќе стави крај на конфликтот меѓу Киев и Москва за 24 часа, всушност подготвува капитулација на Украина, која би била неподнослива за Украинците и понижување за Европејците, предупреди денеска поранешниот француски претседател, социјалистот Франсоа Оланд.

– Она што Трамп го кажува, дури и во афект, го постигнува на прекумерен начин, рече Оланд, кој беше на претседателската функција речиси во исто време со Трамп во неговиот прв мандат, пренесува Бета.

Оланд оцени дека „Трамп ќе престане да и помага на Украина што ќе претставува проблем со нерамнотежа на силите, а потоа ќе му дозволи на рускиот претседател Владимир Путин да задржи дел од територијата што ја стекна во руските офанзиви во 2014 година и од 2022 година“.

Според него, Трамп подоцна ќе им каже на Европејците дека тие се задолжени за безбедноста на остатокот од територијата на Украина, како и за обновата на земја.

– Накратко, Трамп не подготвува мир, туку капитулација на Украина, тврди поранешниот претседател на Франција

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил агресивен и со остар предмет се заканувал на вработените: Турчин уапсен во казино
Следна Статија ФФМ добива нов претседател – Муамед Сејдини поднел оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Непrecedenten политички фонд на Доналд Трамп станува уште поголем во 2025 година

Финансиските извештаи откриваат детали за неспоредливата политичка кампања за собирање средства на претседателот

February 2, 2026
СВЕТ

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад, додека се…

February 27, 2025
СВЕТ

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во…

November 8, 2025
СВЕТ

Трамп: Кина ќе нарача 200 авиони од „Боинг“

Доналд Трамп изјави дека Кина се согласила да нарача 200 авиони од американскиот производител „Боинг“. Во интервју за „Фокс њуз“,…

May 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?