Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ги помилува патриотите од Капитол, го преименува Мексиканскиот Залив, го напушти Парискиот договор…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ги помилува патриотите од Капитол, го преименува Мексиканскиот Залив, го напушти Парискиот договор…
СВЕТ

Трамп ги помилува патриотите од Капитол, го преименува Мексиканскиот Залив, го напушти Парискиот договор…

Објавено January 21, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет на извршни наредби на крајот од неговата церемонија на полагање заклетва во арената „Капитал Уан“ во Вашингтон, пред да биде однесен во Белата куќа каде продолжи да потпишува.

Меѓу другото, тој првично ги повлече САД од Парискиот климатски договор. Соединетите Држави, вториот најголем загадувач во светот по Кина и историски најголем загадувач, го напуштија Парискиот климатски договор за време на првиот мандат на Трамп, но Џо Бајден ги врати во неговиот.

Потпиша извршна наредба со која беа помилувани 1600 од луѓето осудени за нападот на Капитол при промената на власта кога Бајден го победи Трамп. Паралелно со ова, тој нареди да бидат и прекинати истрагите за ова дело.

Трамп најпрво потпиша извршна наредба со која поништи 78 извршни наредби од неговиот претходник Џо Бајден, вклучително и отстранување на Куба од листата на држави спонзори на тероризмот, објавија американските медиуми.

Потоа, заедно со повлекувањето на САД од климатскиот договор, тој исто така го забрани издавањето на нови федерални регулативи додека тој и неговата влада не ја преземат целосната контрола врз него, привремено го забрани вработувањето на федералната влада, освен во областа на војската и националната безбедност, и ја укина работата од дома за федералните службеници.

Во салата, тој, исто така, им нареди на сите федерални агенции да се справат со кризата со зголемените трошоци за живот, потпиша наредба за враќање на слободата на говорот и забрана на цензура, објави телевизијата ABC.

Трамп ја опиша администрацијата на Бајден како најлоша во историјата пред околу 20.000 поддржувачи во салата и, на ентузијастички аплауз, најави серија други извршни наредби што ќе ги потпише во Белата куќа.

Трамп вчера потпиша извршни наредби со кои илегалната имиграција на границата меѓу САД и Мексико е прогласена за вонредна состојба, означувајќи ги криминалните картели како терористички организации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“
Следна Статија Австрија прв противник на македонските ракометари во Главната рунда на СП 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Хилари Клинтон му платила на Вселенскиот патријарх 20 милиони долари за да се создаде Православна црква на Украина

Поранешниот офицер на ЦИА Џон Киријаку изјави во интервју со американскиот блогер Џулијан Дори изјави дека патријархот Вартоломеј добил пари за создавање…

March 14, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Брутално убиени познат рапер и неговата ќерка, во нив се испукани 20 куршуми

Познатиот тексашки рапер Џ.С. Лил Рони и неговата петгодишна ќерка Р`Mани се брутално убиени во автоперална. Трагедијата се случила среде…

March 8, 2025
СВЕТ

Блумберг: Средба Трамп – Путин може да има веќе идната недела

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин можат да одржат лидерска средба веќе идната недела, соопшти денеска…

February 18, 2025
СВЕТ

(Видео) Сајбертрак на Тесла удри во ѕид во Америка и се запали, тројца патници загинале на лице место

Сајбер камион на Тесла вчера удрил во бетонски ѕид и се запалил нешто по 3 часот по полноќ во Пиемонт,…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?