Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
БАЛКАН

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

Објавено March 30, 2025 11:37
Сподели
Сподели

Премиерот на Албанија, Еди Рама, претставувајќи го планот за транспортни инвестиции од 2026 до 2029, рече дека најголемото комерцијалмно пристаниште на Јадранот – „Порто Романо“, што ќе се гради во Драч ќе има две „суви“ подружници во Приштина и Скопје.

– Албанската влада тројно ќе ги зголеми постоечките капацитети во однос на  потенцијалот на старото пристаниште, но пред се тоа ќе биде срцето на новиот трговски систем, создавајќи можност за отворање на две суви пристаништа во Приштина и Скопје и Албанија да стане референтна точка на Медитеранот. Од друга страна, новото пристаниште нема да биде само комерцијално пристаниште, туку ќе има и свое воено крило, како пристаниште на НАТО, рече Рама.

Според претходните преговори, кои се водеа пред три години, двете влади – македонската и албанската, споменаа суво пристаниште во Струга. Владата во 2022 соопшти дека на Република Северна Македонија и се доделува бесплатен пристап до дел од пристаниште, Порто Романо во Драч, а следствено на тоа, нашата држава ќе изгради суво пристаниште во Струга.

„Целта е, според констатираното, подобрување на инфраструктурното поврзување, ефикасноста на транспортот за транзитни товари помеѓу трговски пристаништа во Република Албанија и Република Македонија и безбедност на мрежата за снабдување во регионот“, соопшти тогаш владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп одговори на прашањето „што е жена“
Следна Статија Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Воведена е излетничка такса за обиколка на Стариот град во Херцег Нови во износ од едно евро

Воведена е такса за екскурзија за посета на Стариот град во Херцег Нови во износ од едно евро, а туристите…

May 10, 2025
БАЛКАН

ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА: Најмалку 30 повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Повеќе од 30 лица се повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во српскиот град Нови Сад, јавија локалните…

November 1, 2024
БАЛКАН

ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија

Пронајдени се телата и на преостанатите двајца хрватски планинари кои вчера беа затрупани од снежна лавина под врвот на планината…

October 6, 2025
БАЛКАНМАКЕДОНИЈА

Македонските планини: Природно богатство што бара заштита и одржлив развој

Сместена во срцето на Балканот, Македонија е земја на фасцинантни природни контрасти, од живописни рамници до планини што се издигнуваат…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?