Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија
БАЛКАН

ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија

Објавено October 6, 2025 13:32
Сподели
Сподели

Пронајдени се телата и на преостанатите двајца хрватски планинари кои вчера беа затрупани од снежна лавина под врвот на планината Тоск (2.275 метри надморска височина) во Јулиските Алпи во Словенија, јави словенечката агенција СТА.

Лавината вчера наутро однесе тројца планинари од Хрватска, а во текот на денот беше пронајдено телото на едниот од нив.

Претседателот на Шумската спасувачка служба на Бохињ, Миха Арх, кој ја води потрагата во која учествуваа повеќе од 70 спасувачи, изјави денеска дека лавината ги одвлекла планинарите во тесен клисурест предел околу 350 метри подолу.

На местото на несреќата денеска пристигнаа и министрите за внатрешни работи на Словенија и Хрватска, Боштјан Поклукар и Давор Божиновиќ.

Група од седум хрватски планинари вчера тргнала кон врвот на Тоск, но четворица се откажале поради лошите временски услови, додека тројцата загинати продолжиле со искачувањето.

Словенечката Шумска служба за спасување и полицијата ги предупредија планинарите овие денови да не одат во Јулиските Алпи, бидејќи временските услови се неповолни, снегот е тежок и мокар, а опасноста од лавини е исклучително висока.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали е легално да се вршат градежни работи во трета смена, по 22 часот?
Следна Статија Алиу: Ќе се менуваат 12 закони, за да може процесите во здравството да не се кочат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Поради лоша организација: 12 грчки плажи останаа без синото знаме

Дванаесет грчки плажи останаа без наградата за квалитет „Сино знаме“ и се повлечени од меѓународната листа за 2025 година, поради…

July 31, 2025
БАЛКАН

Вучиќ најави летачки автомобили во Србија догодина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави во Кина дека се водат разговори за летачки автомобили. – Разговаравме и за летачки…

September 3, 2025
БАЛКАН

Владата на БиХ ги замрзна цените на 50 прехранбени производи: Добивме сигнал од народот и ќе одговориме

Владата на Босна и Херцеговина планира до крајот на неделата да донесе одлука да ги намали цените и да ги…

February 5, 2025
БАЛКАН

Вртоглави животни трошоци: Во Западен Балкан потрошувачите ги бојкотираат супермаркетите

Сѐ почна во Хрватска кон крајот на јануари. Веќе неколку недели, во земјата се одржуваат многубројни бојкоти на супермаркети, со…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?