Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Ќе се менуваат 12 закони, за да може процесите во здравството да не се кочат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Ќе се менуваат 12 закони, за да може процесите во здравството да не се кочат
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Ќе се менуваат 12 закони, за да може процесите во здравството да не се кочат

Објавено October 6, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството почнувајќи од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина, ќе се овозможи унапредување на процесите во здравствениот систем. По тој повод денеска во организација на Министерството за здравство се одржа јавна презентација на тие 12 закони на која со стручната фела се разгледани предлози, мислења и препораки за да се дојде до најдобрите решенија.

Ресорниот министер Азир Алиу рече дека станува збор за најобемната реформа на законските прописи во здравството досега.

Овој процес го започнавме во рамки на Министерството со работни групи за измени и дополнувања на 12 законски решенија, кои директно се однесуваат на здравствениот систем. Само преку транспарентност и отворена дискусија можеме да дојдеме до најдобрите решенија. Целта е подобрена законска рамка која ќе биде гаранција за поквалитетни услуги, фер пристап и поголема сигурност за пациентите. Идејата е да бидат синхронизирани сите 12 закони со цел да може процесите во здравствениот систем да не се кочат, истакна Алиу.

Станува збор за системско преосмислување на 12 закони во различни области – од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина.

Со овие закони целиме кон здравствен систем што е стабилен, поврзан и предвидлив. Систем во кој секој податок, секоја постапка и секоја одлука ќе има место, логика и одговорност, рече Алиу и ги повика сите чинители активно да се вклучат во овие процеси со цел заедно да ја подобрат легислативата, а со тоа и состојбите во здравствениот систем.

Стручната и јавна расправа ги опфаќа измените и унапредувањата на законите за евиденции во областа на здравството, за здравствената заштита, за здравственото осигурување, за лекови, за медицински средства, за јавно здравје, за заштита на населението од заразни болести, за заштита од пушењето, за биомедицински потпомогнато оплодување, за комплементарна и алтернативна медицина, за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, за санитарна и здравствена инспекција.

Одговарајќи на новинарско прашање Алиу рече дека не случајно се отворени овие 12 закони.

Прво имаме моменти кои не се предвидени во законската рамка и второ имаме моменти кога едниот закон предвидува нешто, а вториот предвидува друг тип или проток на процеси. Идејата е да бидат синхронизирани сите 12 закони со цел да може процесите во здравствениот систем да не се кочат. Понекогаш и законски се кочат. Овие 12 закони не се нови, туку ќе бидат обработени и адаптирани да бидат синхронизирани еден со друг. Се уште отворен е процесот и кога ќе заврши ќе имаме уште една јавна дебата на која ќе ги презентираме законските измени, додаде Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија
Следна Статија Филипче: На состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ има присутни началници од МВР

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Системот „Мој термин“ повторно е во функција

Утринава во функција е електронскиот систем за закажување прегледи „Мој термин“, кој вчера не работеше. Системот е во функција од…

September 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

ААРП открива клучна промена во Medicare – позитивни вести за пензионерите

Организацијата за застапување на Американци над 50 години објаснува значаен update кој секој пензионер треба да го разбере.

November 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Годинава се регистрирани 38 заболени од ХИВ/СИДА, а осум починати

Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови лица со ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители, се вели…

November 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

Пристигна технологија која веќе го менува начинот на кој се изведуваат операции низ светот. Станува збор за ExcelsiusGPS™️ – првиот…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?