Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: На состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ има присутни началници од МВР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: На состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ има присутни началници од МВР
ПОЛИТИКА

Филипче: На состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ има присутни началници од МВР

Објавено October 6, 2025 13:40
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на државните институции во текот на изборната кампања. Филипче потенцираше дека злопупотребата на институциите е најизразена од Министерството за внатрешни работи.

„Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од Министерството за внатрешни работи или ги водат состаноците или се присутни.Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите“, истакна Филипче.

На прес-конференцијата Филипче побара од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да одговори дали лично ги организира овие состаноци и дали стои зад ваквите злоупотреби.

„Барам министерот Панче Тошковски да одговори дали тој ги организира овие состаноци. До меѓународните институции, тие коишто ги пратат изборите апелирам да реагираат на оваа појава, затоа што Министерството за внатрешни работи треба да биде професионална институција, независна којашто им служи на граѓаните, а не на политичките партии“, додаде претседателот на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу: Ќе се менуваат 12 закони, за да може процесите во здравството да не се кочат
Следна Статија Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче ја кроел судбината на ,,Жан Митрев“, заедно со Заев ветувале влијание врз судски постапки, обвинија од ВМРО ДПМНЕ

„Дали СДС воопшто делувала како политичка партија во седумте години власт или само како мрежа на поединци, кои ги користеле…

January 25, 2026
ПОЛИТИКА

Костовски: Бутел ќе добие 3 нови детски градинки во Радишани, Бутел 1 и Визбегово

Ветувам дека ќе изградиме 3 нови детски градинки. Една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Радишани, каде што…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Состојбата во земјоделието е алармантна, негрижата на власта го уништува

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека Владата на Христијан Мицкоски ја загрозила егзистенцијата на земјоделците, посочувајќи дека ситуацијата…

April 5, 2026
ПОЛИТИКА

Цеков: Ја напуштам пратеничката група на ЗНАМ – од денеска сум независен пратеник

Пратеникот Миле Цеков официјално ја напушти партијата ЗНАМ и со тоа излезе од владејачкото мнозинство во Собранието. Цеков најави дека…

April 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?