Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родителите бараат одговори – Дали децата во „Пулс“ загинаа од цијанид?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Родителите бараат одговори – Дали децата во „Пулс“ загинаа од цијанид?
МАКЕДОНИЈА

Родителите бараат одговори – Дали децата во „Пулс“ загинаа од цијанид?

Објавено April 4, 2026 18:47
Сподели
Сподели

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, семејствата на жртвите сè уште немаат одговори за причините за смртта на нивните најблиски. Ова го истакна Александар Наунов, родител кој ја загубил својата ќерка, обраќајќи се во име на Здружението „16-ти Март 2025“ – Кочани.

Тој посочи дека уште на 14 јануари годинава до Институтот за судска медицина при УКИМ било доставено официјално барање со цел да се добијат јасни информации дали биле направени токсиколошки анализи, вклучително и испитување на присуство на цијаниди. И покрај изминатите два месеци, како што рече, одговор не е добиен.

Наунов нагласи дека семејствата претходно побарале и средба со претставници на судска медицина, но наместо конкретни одговори, добиле ветување за дополнителни објаснувања кое, како што вели, не било исполнето.

Дополнително, од Природно-математичкиот факултет било потврдено дека по наредба на Обвинителството во Кочани е изготвен вешт наод, но без клучните информации за тоа дали се испитувани токсични супстанции и што покажуваат анализите.

Според Наунов, институциите меѓусебно ја префрлаат одговорноста, додека семејствата остануваат без одговор.

Тој потсети и на болниот процес на обдукција, кога телата на жртвите биле однесени во Скопје, со уверување дека ќе се утврди вистинската причина за смртта. Наместо тоа, семејствата чекале со денови без можност достојно да се простат, а и денес, како што рече, немаат целосни информации за тоа што било анализирано и кои се резултатите.

„Ова не е само институционална тишина, туку прашање на човечност и одговорност“, нагласи Наунов, обвинувајќи за сокривање на информации од семејствата кои имаат право на вистината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Апсење кај Градско, пресечен транспорт на дрога
Следна Статија Драстичен пад на туризмот во дубаи: Хотелите и рестораните остануваат без гости

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ни доаѓа голем празник – Архангел Михаил ќе ви ги оствари желбите, но мора да исполните еден услов

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ

Апелациониот суд Скопје денеска ја одби како неоснована жалбата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и на уредничката Сашка Цветковска и…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Опустошено и уништено едно од најубавите места во Охрид, кој ќе сноси одговорност?

Граѓаните често пати на социјалните мрежи го изразуваат своето незадоволството за тоа како се уништува македонскиот турсискички бисер - Охрид.…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за законите од Реформската агенда: Имаме јасен план и фокус, наша стратегија е да бидеме најдобри

Имаме јасен план и јасен фокус. Нашата стратегија е да бидеме најдобри во одделението. Тоа ќе го направиме. Иако тоа…

November 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?