Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април
ЕКОНОМИЈА

Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април

Објавено March 26, 2026 10:29
Сподели
Сподели

Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика, при што над половина од вкупно доделените 4.070 ваучери веќе се подигнати, соопшти Министерството за енергетика.

Според податоците од меѓуопштинските центри за социјална работа, до 25 март се евидентирани 2.084 подигнати ваучери.

Министерството потсетува дека списокот на граѓани кои остварија право на оваа поддршка, како и списокот на компании од кои може да се набават уредите, се објавени на официјалната веб-страница на Министерството.

– Граѓаните кои се наоѓаат на списокот можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, до 17 април 2026 година, при што на веб-страницата се достапни сите информации за потребната документација и постапката – соопштуваат оттаму.

По подигнувањето, ваучерите може да се искористат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори, за набавка и вградување на инвертер клима уред.

Станува збор за финална фаза од постапката по Јавниот оглас за 2025 година, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, во која право на поддршка имаа домаќинства кои ги исполнија предвидените услови.

Со ваучерот, граѓаните добиваат можност за набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, во вредност до 28.000 денари, без дополнителна доплата. Ваучерите може да се искористат најдоцна до 15 октомври 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трејлерот на „Спајдермен 4“ надмина милијарда прегледи
Следна Статија Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски објави на фејсбук дека вчера била одржана работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во земјава,…

June 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

На некого ќе му се посреќи: Од Контрола на летање најавуваат нови вработувања

АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ денеска соопшти дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација…

July 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026

Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под…

May 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен кон крајот на летото, откри Николоски

Автопатот Кичево – Охрид е симбол и пресечник помеѓу две времиња, незаинтересираноста, неспособноста и неработењето на СДСМ и ДУИ и…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?