Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роџер Санчез, Каролина, „Некст тајм“ главни ѕвезди на „Културно лето“ во Кисела Вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Роџер Санчез, Каролина, „Некст тајм“ главни ѕвезди на „Културно лето“ во Кисела Вода
ЗАБАВА

Роџер Санчез, Каролина, „Некст тајм“ главни ѕвезди на „Културно лето“ во Кисела Вода

Објавено June 24, 2025 19:44
Сподели
Сподели

Под мотото „Сè на свое место“, Општина Кисела Вода ќе го одбележи 70 години од своето постоење со разновидна, содржајна и квалитетна програма,, креирана да допре до сите генерации. Годинава на програмата има изведувачи кои ќе настапат на три сцени: на платото пред салата „Расадник“, во Драчево кај крстот и во паркот „Македонија“ а ќе понудат разновидна програма за сите возрасти, за сите жители на Кисела Вода и за сите скопјани, како и од останатите градови низ земјава.

Главна атракција на програмата ќе биде Роџер Санчез, добитник на Греми, диџеј кој ги полни најголемите клубови и фестивали во светот. Со него ќе започне четиридневното одбележување. Ексклузивниот настап ќе се одржи в четврток, на 26 јуни со почеток во 20,30 часот, во салата „Расадник“. Атмосферата пред Санчез од 20:30 часот ќе загреваат диџеите Мац, Ампов и Деан Мицкоски.

Наредниот ден, петок, на крстот во Драчево, од 20:30 до 21:00 часот, посетителите ќе може да го проследат настапот на КУД „Китка“, потоа ќе следува забава со: Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Огнен Здравковски и Бојана Скендеровски, а на крај свој настап ќе има Каролина Гочева, кој ќе започне во 22:30 часот.

Дуото „Некст тајм“ ќе ги забавуваат посетителите в сабота, на платото пред салата „Расадник“, со почеток во 20:30 часот, а по него ќе настапат „Два бона“ и Слаткар. Недела, е предвиден како семеен ден, кога во 10:30 часот ќе започнат активностите на платото пред салата „Расадник“, а прославата ќе се заокружи со доза смеење, која ќе ја обезбедат стендап комичарите Бојан Велевски и Марјан Ѓорѓиевски, во 20:30 часот, а по нив ќе биде настапот на „Tea & 2EXIT“.

Низ настаните ќе водат четворица водители: Миро Кацаров, Сашко Коцев, актерката Драгана Левенска и водителката Верица Донев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?
Следна Статија Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Споредба на Animal Crossing: New Horizons – Nintendo Switch 2 Edition vs. оригинален Switch

Ексклузивно видео споредува новото издание на Nintendo Switch 2 со оригиналната верзија на играта, откривајќи значителни подобрувања во времето на…

January 17, 2026
ЗАБАВА

Безос има богатство од 220 милијарди евра, адвокатите работат на обемен предбрачен договор

Со неверојатни 220 милијарди долари богатство, претстојната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез сигурно ќе биде спектакуларен настан. Но,…

May 31, 2025
ЗАБАВА

Можете да купите 32GB DDR5 RAM со комплетен компјутер за 999 долари за Црн Петок

Мемориската РАМ не е евтина во моментов, затоа наместо да купувате делови поединечно, можеби купувањето на готов гејминг компјутер од…

November 30, 2025
ЗАБАВА

Свадба на векот: Лорен Санчез и Џеф Безос се венчаа во Венеција, ги чинеше 48 милиони евра (ФОТО)

Џеф Безос и Лорен Санчез се венчаа на раскошна тридневна церемонија одржана во Венеција, која е наречена една од најочекуваните…

June 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?