Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?
МАКЕДОНИЈА

Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?

Објавено June 24, 2025 21:32
Сподели
Сподели

Утре во Кривичниот суд ќе биде изречена пресудата за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Случај кој ја потресе Македонија поради двојното убиство и поради тоа што како првообвинет во групата беше Љупчо Палевски-Палчо лик кој беше познат на политичката сцена како и во бизнисот пред дваесеттина години.

Судењето започна во ноември минатата година и дојде до крајот. Обвинетите очекувано се изјаснија за невини, додека обвинителките Жаклина Јосифовска и Ана Стојковиќ побараа доживотни казни, освен за Александар Ѓорчевски побараа соодветна казна. Токму казната за таткото на Вања која не е дефинирана е клучот за овој случај, односно од кого групата ја добила информација дека на 27.11 2023 година девојчето само ќе оди на учиилште. Доказ дека Александар и Палчо комуницирале не се понуди , освен признанието на останатите дадено во полиција по апсењето кое било под физичка изнуда, односно народски кажано ќотек. Дури и тој исказ тие подоцна го променија. Но, останува фактот дека групата на Палчо била добро подготвена што можела да го организира грабнувањето и без логистичка поддршка од таткото Александар. Остана неодговорено и клучното прашање-дали целта била киднапирање на Вања или пак некоја жена на четирисеттина години која наводно живеела во истата зграда.

Вања Ѓорчевска

Она што обвиителството го докажа е движењето на „Цитроенот“ и Кангуто на денот кога девојчето на 27.11 пред две години. Велибор Манев потврди дека Палчо ја убил Вања со пиштол на кој ставил перниче кое потоа го фрлил во цитроенот кој го запалиле. Видевски негираше дека воопшто бил на местото, додека Кешишев тврдеше дека чувал стража понастрана и оти не го видел моментот на убиство туку само чул истрел.

Пиштолот

Оружјето со кое се извршени двете убиства остана енигма. Се знае само дека се убиени со пиштол со калибар од девет милиметри но не и од кое оружје, односно дали е тоа легално или од црниот пазар. Од обвинетите пиштол, и тоа легален поседувал Боре Видевски но тој не се сеќава“ каде го затурил. Дополнителен проблем е што од неговиот пиштол кога го купил не било направено пробно пукање па нема со што да се спореди.

Панче Жежовски

И во неговиот случај има неколку нелогичности. Јасно е дека тој е колатерална штета и дека бил киднапиран за да му биде земен „крш“ „Цитроенот“ со кој подоцна требало да биде грабната жртвата во Скопје. Зошто наместо да стават во земуницата Палчо, барем според тврдењата на Велибор Манев го убил ќе треба да биде објаснето во пресудата.

И уште една нелогичност. Одбраната на Боре Видевски не ги обезбеди снимките од бензиската станица на Макпетрол во Велес се гледа Жежовски на денот на убиството околу пладне како полни бензин а во „цитроенот“ се гледа машко лице кое наликува на Видевски. Во обвинението е наведно дека Панче е убиен на 22.11 но околку девет часот утрината. Оваа снимка веќе беше пуштена од страна на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски на средба со 11 најголеми француски компании: Ги имаме најдобрите услови за инвестирање
Следна Статија Роџер Санчез, Каролина, „Некст тајм“ главни ѕвезди на „Културно лето“ во Кисела Вода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Според ОН, Македонија во 2100 година ќе има 52 отсто помалку население!

Перспективи на светското население 2024“, документ на Обединетите нации, предвидува дека Македонија во 2100 година ќе има 52 проценти помалку…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

СДСМ звучи како евтин АИ, многу зборови но никаква суштина

СДС денес звучи како евтин АИ модел со многу зборови, никаква суштина, конфузија, неповрзани нешта и многу очај. За ова…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во боите на македонското знаме

Градскиот совет на Перт го осветли Домот на Советот со македонското знаме во знак на сеќавање на изгубените животи во…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?