Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски на средба со 11 најголеми француски компании: Ги имаме најдобрите услови за инвестирање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски на средба со 11 најголеми француски компании: Ги имаме најдобрите услови за инвестирање
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со 11 најголеми француски компании: Ги имаме најдобрите услови за инвестирање

Објавено June 24, 2025 20:18
Сподели
Сподели

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцирал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција.
 
Како што соопшти денеска Министерството за транспорт, Николоски ги презентирал транспoртните политики на Македонија преку инвестициските планови за изградба и унапредување на железничката мрежа, особено изградбата на брза пруга на Коридор 10. Потенцирал дека унапредувањето на брзината на овој коридор е особено значајно за поевтин и побрз карго транспорт за Централна Европа.  Биле презентирани плановите и проектитe за унапредување на патната мрежа на европските коридори како и можностите за развој на авиосообраќајот.

 
Вицепремиерот Николоски на средбата истакнал дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација на земјата, со што се отвораат големи можности за соработка со компании од Франција. Условите за инвестирање, дополнил вицепремиерот Николоски, се меѓу најконкуретните во регионот, со што Владата нуди услови и силна подршка за нови странски инвестиции.  

– На средбата беше презентирана и француската политика во делот на развој модернизација, управување и безбедност во железничкиот сообраќај на Франција од каде се пренесоа нови искуства и знаења, се вели во соопштението.
  
Претходно, вицепремиерот се сретнал и со Магали Сезана, шеф при Генералната дирекција за трезор во Министерството за економија и финансии каде се разговараше за подобрување на економската и трговска соработка меѓу двете земји.

Работната посета и средбите на вицепремиерот Николоски со владини претставници  на Франција, продолжуваат и во текот на утрешниот ден

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светот во страв од блокада – Што е Ормускиот теснец и зошто е толку важен?
Следна Статија Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Преку социјалните мрежи повик за бојкот на маркетите во петок

По примерот на Хрватска на социјалните мрежи и кај нас почна да се шири повик за бојкот на маркетите поради…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Побезбедно патување со рехабилитација на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска присуствуваше на отпочнување на градежни активности за рехабилитација на обиколницата кај Крива…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Донесена одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин…

November 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето

Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за…

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?