Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни и чувајте нè безбедни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни и чувајте нè безбедни
МАКЕДОНИЈА

Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни и чувајте нè безбедни

Објавено March 3, 2026 18:13
Сподели
Сподели

Последниве денови гледаме колку е важно сите 32 сојузнички држави, вклучително и Македонија да се здружат, да работат заедно и да обезбедат колективна одбрана на НАТО територијата, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во касарната „Илинден“ од каде се обрати пред припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, пофалувајќи ја улогата на Македонија во Алијансата и нејзиниот придонес кон колективната безбедност.

Во своето обраќање, Руте нагласи дека е импресиониран од ангажманот на земјата како членка на НАТО од 2020 година, потенцирајќи го учеството во копнените сили, поддршката за Украина и посветеноста на одбраната на секој дел од територијата на Алијансата.

– Навистина ми е чест што сум овде. Ви посакувам сè најдобро. Останете безбедни – и чувајте нè безбедни, порача Руте на крајот од обраќањето.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски на Генералниот секретар на НАТО му врачија Големи плакети на Армијата.

Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојанче Јовановски имал 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и дрога
Следна Статија Филипче по обраќањето на Руте: ВМРО-ДПМНЕ членството во НАТО го нарекува „предавство“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македон освои златен медал на Германската математичка олимпијада

Младиот македонски талент Македон освои златен медал на Германската математичка олимпијада оствари уште еден извонреден успех на меѓународната сцена, освојувајќи…

December 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Свесен сум дека граѓаните се против Бугари во Устав, но тоа од нас го бара ЕУ

Ја разбирам пораката од граѓаните кои и на изборите покажаа дека се против францускиот предлог но тоа е барање кое…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Неказнивоста останува во заборав во Македонија и конечно законот важи еднакво за сите

Во рамки на вчерашната акција, која е спроведена по наредба на судија на претходна постапка извршени се два претреса од…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Ќе излеземе со извештај за случаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, понатаму судските и истражните органи треба да делуваат

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе излезат со извештај во врак со смртта на бремената жена и…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?