Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче по обраќањето на Руте: ВМРО-ДПМНЕ членството во НАТО го нарекува „предавство“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче по обраќањето на Руте: ВМРО-ДПМНЕ членството во НАТО го нарекува „предавство“
ПОЛИТИКА

Филипче по обраќањето на Руте: ВМРО-ДПМНЕ членството во НАТО го нарекува „предавство“

Објавено March 3, 2026 18:16
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија д-р Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, изрази жалење од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ во кои политиките на СДСМ за членството на Македонија во НАТО се оценуваат како предавнички.

„Жалам што и во текот на денешниот ден ВМРО-ДПМНЕ излезе со одредени квалификации, во кои политиките на Социјалдемократскиот сојуз во контекст на членството во НАТО ги нарече предавнички. Не знам за какво предавство станува збор, кога отсекогаш сме се бореле и ќе се бориме исклучиво за доброто на државата и на сите граѓани“, рече Филипче.

Во изјавата Филипче додаде дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на  државата, и тоа е резултат на стратешките, визионерските и државничките политики на Социјалдемократскиот сојуз во изминатите повеќе децении.

 „Тој пат не беше лесен, меѓутоа сега конечно можеме да се чувствуваме безбедни, со загарантирани граници, благодарение на тоа што сме дел од најголемиот безбедносен сојуз во светот. Колку е тоа важно гледаме особено во овие кризни времиња, кога на повеќе места во светот има војни. Ова што веќе четири години трае на територијата на Украина е резултат на агресијата на Русија. И новите жаришта што се појавуваат на повеќе места во светот дополнително ја нагласуваат важноста на нашето членство. Ова е трајна придобивка за нашата земја“, рече Филипче. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни и чувајте нè безбедни
Следна Статија Зајкова: Уште колку жени ќе убие молкот?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ oбвинува за дискриминација во Царинската управа

Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа, сите од македонска етничка припадност,…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ се однесува како куче што лае, ама не каса

„Партијата СДСМ, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и…

December 9, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Пуштен во употреба регионалниот пат од Охрид до Св. Наум со инвестиција од 11,7 милиони евра

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции во инфраструктурата низ целата држава, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.…

June 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче никако да ја осуди изјавата на бугарската министерка дека сме „северномакедонци“

Молкот на Филипче кон навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија.Речиси две недели Филипче избегнува јасно да…

May 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?