Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: САД ќе ја прекинат помошта за Украина доколку до четврток не го прифати мировниот договор, пишуваат западните медиуми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > САД ќе ја прекинат помошта за Украина доколку до четврток не го прифати мировниот договор, пишуваат западните медиуми
СВЕТ

САД ќе ја прекинат помошта за Украина доколку до четврток не го прифати мировниот договор, пишуваат западните медиуми

Објавено November 21, 2025 18:03
Сподели
Сподели

САД се закануваат дека ќе ја прекинат размената на разузнавачки информации и испораките на оружје во Украина ако не се согласат со рамката на мировниот договор со посредство на САД, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на две лица запознаени со ситуацијата.

Изворите велат дека Киев е под поголем притисок од Вашингтон отколку за време на сите претходни мировни преговори и дека САД сакаат Украина да го потпише рамковниот договор до следниот четврток.

Тие сакаат да ја запрат војната и сакаат Украина да ја плати цената, рече еден од изворите.

Делегација од високи американски воени претставници вчера се сретна со претседателот Доналд Трамп, во Киев и му презентираше план за прекин на војната во Украина.

Порталот „Аксиос“ денеска објави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, претставил мировен план за Украина и Русија, што, меѓу другото, содржи 28 точки, кои предвидуваат Украина да се откаже од териториите под руска контрола, да ја ограничи армијата и формално да се откаже од членството во НАТО.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, вчера појасни дека Вашингтон води разговори со двете земји.

Американските медиуми во средата објавија, повикувајќи се на извори, дека планот е развиен од американски и руски претставници, а според неофицијални податоци, во неговото создавање учествувал и претставникот на рускиот претседател, Кирил Дмитриев.

Според Ен-Би-Си, во изготвувањето на документот учествувале специјалниот американски претставник Стив Виткоф, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Драматично обраќање на Зеленски: Ова се најтешките моменти во нашата историја
Следна Статија Судија Адријан Хил однесен со повреда на нозете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) „На, на, на, еј збогум“ – Белата куќа критикувана поради видеото со миграцијата

Белата куќа се најде на удар на критики по објавувањето на видеото на кое се гледа депортацијата на илегалните мигранти…

April 7, 2025
СВЕТ

Трамп: Доколку Иран ги прифати условите конфликтот завршува

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека доколку Иран се согласи да ги исполни договорените услови, конфликтот ќе заврши, а…

May 6, 2026
СВЕТ

Трамп: Ги прекинуваме сите трговски разговори со Канада, користеле лажна реклама од Реган (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги прекинува сите трговски разговори на САД со Канада откако владата на најнаселената канадска…

October 24, 2025
СВЕТ

Трамп: Зеленски е најголемиот трговец на светот

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, го нарече претседателот на Украина “еден од најголемите трговци на светот”. Секоја…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?