Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Владините мерки за замрзнување на маржите не дадоа никаков ефект
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Владините мерки за замрзнување на маржите не дадоа никаков ефект
ПОЛИТИКА

СДСМ: Владините мерки за замрзнување на маржите не дадоа никаков ефект

Објавено November 10, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Владините мерки за замрзнување на маржите во октомври не дадоа никаков ефект бидејќи цените на мало за овој месец се намалиле за само 0,1%, вели пратеничката од редовите на СДСМ, Јованка Тренчевска. Таа вели дека мерката на Владата била задоцнета и недобро осмислена, неефикасна и погрешна оти освен трговците кои имале бенефит од мерката, граѓаните во ниту еден сегмент не почувствувале дека постои некаква мерка за намалување на цените или, пак, некаква есенска кошничка.

„Синдикалната кошничка пак е намалена за само 57 денари. Состојбата на терен, во маркетите, којашто граѓаните ја гледаат секој ден е најголем доказ за тоа. Белиот леб и натаму се продава по 33 денари. Тестенините намалени за 1 денар, а цената на зејтинот од 78 се зголеми на 87 денари. Истото е и со млекото и млечните производи. Споредбено октомври во 2023 со октомври во 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5% додека платите се намалија за 1 000 денари“,рече Тренчевска.

Дополнително, вели таа, наместо да се откаже од ваквите погрешни мерки, премиерот Мицкоски најавува новогодишна кошничка чиј ефект, според Тренчевска, ќе биде незначаен, оти цените повторно ќе се намалат само за 0,1% што пак претставува крајно навредувачки и потценувачки чин за граѓаните

„Предлог-законот предложен од СДСМ за укинување на ДДВ на храната е вистинско и одржливо решение кое власта требаше да го прифати, а не да го игнорира. Со укинување на ДДВ на храната на основните производи ќе поевтинат веднаш 250 категории производи. Реална заштеда кај граѓаните и до 2 000 денари, што значи повеќе пари во нивните џебови. Дополнително, воопшто нема да биде товар за компаниите и трговците не може да ја изиграат“,изјави пратеничката.


Тренчевска кажа и дека граѓаните не треба да бидат жртви на политичкото его на Мицкоски и оти игнорирањето на Владата на предлогот од СДСМ претставува игнорирање и на потребите на граѓаните и нивниот животен стандард.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Половина Ѓорче Петров веќе еден час е во мрак
Следна Статија Meрц: Мораме од статусот на заспана сила од средна големина повторно да станеме водечка сила од средна големина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста…

February 7, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM прави стратешки грешки со кои докажува вмешаност во следењето на Мицкоски

По денешната прес-конференција на СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека социјалдемократите со своите изјави „прават суштински стратешки грешки со кои од…

September 5, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на Ора24.тв порача дека патот на државата кон Европската Унија е јасен, но…

April 7, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ за одлуката за плаќање ДДВ за пратки под 22 евра од странство: До евтините пратки ли и дојде на власта?

Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?