Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче промовира Фронт за слобода и правда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче промовира Фронт за слобода и правда
ПОЛИТИКА

Филипче промовира Фронт за слобода и правда

Објавено May 31, 2026 14:31
Сподели
Сподели

Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е доказ дека споделуваат еднакви вредносни политики. ​Коалицијата и соработката, најави тој пред денешниот конгрес на НСДП, продолжува и понатаму.

-Сега и во една нова форма, во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури и дел на коалициските партнери на сегашната криминална власт, затоа што тие знаат дека оваа власт не ја води државата како што треба, изјави Филипче пред почетокот на Седмиот конгрес на НСДП.

Додаде дека, исто така, ги повикуваат и сите граѓански организации, активисти, интелектуалци, млади, студенти кои што знаат дека, како што нагласи, нема иднина во земјата со оваа власт.

-Пензионери кои што знаат и сфатија дека се излажени, дека нема достоинствен пензионерски живот со оваа власт овде во земјата. ​Ги повикуваме заеднички во Фронтот да се бориме против оваа криминална власт која што го пљачка и последниот денар од буџетот додека тие уживаат и се богатат на сметка на граѓаните. Против оваа криминална власт која што земјата ја држи во изолација, а тие сите имаат бугарски пасоши во џебовите, и против оваа криминална власт која што одработува за туѓи интереси – пред сè српски и руски интереси – сакајќи да останеме изолирани и слепо црево на Балканот. Тоа нема да им помине, рече Филипче.

Македонија, додаде тој, повторно ќе биде на исправниот, правиот пат кон Европа, повторно ќе биде демократска, ќе биде слободна и повторно тука младите ќе ја гледаат иднината убава.​Крајната цел на Фронтот, рече, ќе биде оваа власт да замине, да ја ослободи државата, да се вратиме на европскиот пат, а одговорните да одговараат и да враќаат пари.

-Притоа, тоа значи дека во меѓувреме опкружуваме, власта има обврска да распише референдум, затоа што нема право да го запре европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе обезбедат подобра преговарачка позиција, никогаш не кажаа дека ќе го блокираат европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе го вратат името, дека ќе го укинуваат Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и ништо од тоа не направија. Дојдоа на власт со една голема лага, со една пропаганда којашто е стимулирана, финансирана и поддржана од други земји и затоа оваа власт одработува за други земји. Тие тоа право го немаат. Оваа, овој фронт има за цел да воочи следните избори, без разлика кога се, дали се предвремени, дали се а, редовни, ја врати власта во рацете на граѓаните, рече Филипче во изјавата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале пожар, направена е штета од 100 илјади евра
Следна Статија (ВИДЕО) Дали Путин навистина има двојник?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Тошковски: Добро е што градоначалничката на Град Скопје конечно реши да се разбуди од зимски сон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на градоначалничката на Град Скопје…

May 26, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Како може Македонците да ни избираат градоначалник во Тетово?

На митингот на коалицијата Алијанса зa Интеграција (АКИ) во Боговиње, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, зборуваше за влијанието на премиерот…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира, Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата

СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата. Ова…

October 21, 2024
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ДУИ повторно поразена, креираа атмосфера на етнички тензии за да заштити криминалци како Груби

ДУИ е повторно поразена. Дојде 11 и ништо не се случи. И ДУИ знаеја дека ништо нема да се случи,…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?