Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале пожар, направена е штета од 100 илјади евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале пожар, направена е штета од 100 илјади евра
СВЕТ

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале пожар, направена е штета од 100 илјади евра

Објавено May 31, 2026 15:17
Сподели
Сподели

Две мачки предизвикале голем пожар во стан во повеќекатница во Долна Баварија, откако во текот на играта најверојатно ги активирале прекинувачите од ринглите на шпоретот, соопшти локалната полиција.

Пожарот избил во петокот наутро во округот Ландсхут, а густиот чад брзо се проширил низ целиот стан и зградата, предизвикувајќи паника меѓу станарите.

Пожарникарите успеале да спасат една од мачките од опожарениот стан. За жал, за второто милениче помошта пристигнала предоцна – животното подоцна било пронајдено мртво во просториите.

„На спасената мачка ѝ дадовме кислород, а потоа веднаш ја предадовме на ветеринар“, изјави командантот на противпожарната интервенција, Себастијан Бекл.

Како дошло до несреќата?

Според полицискиот извештај, причината за пожарот е крајно необична. Додека си играле во кујната, мачките случајно ги свртеле и ги активирале прекинувачите на две рингли од шпоретот.

Состојбата дополнително се влошила затоа што на една од вклучените рингли имало оставено пластично шише, кое веднаш се запалило. Пламенот и токсичниот чад потоа со голема брзина се прошириле низ домот.

Противпожарната служба соопшти дека нивната интервенција на терен траела сè до 11 часот претпладне. Станот е целосно руиниран и претрпел огромна материјална штета, која полицијата прелиминарно ја проценува на околу 100.000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Куче што намирисува дрога скокна врз чилеански адмирал
Следна Статија Филипче промовира Фронт за слобода и правда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Лајчак, кој се најде во документите на Епштајн беше голем пријател на Заев и Димитров, а даде поддршка и на Договорот од Преспа

Поранешниот словачки министер за надворешни работи Мирослав Лајчак ја напушта позицијата советник на премиерот Роберт Фицо. Одлуката следува по објавувањето…

January 31, 2026
СВЕТ

Еве како всушност ќе се применува новиот систем за влез во ЕУ

Новиот систем за влез и излез од Европската унија беше закажан за 10 ноември, но неговата имплементација дефинитивно беше одложена.…

October 12, 2024
СВЕТ

Прекин на рускиот гас преку Украина: На повидок нова енергетска криза во Европа

Прекинот на транспортот на руски гас преку територијата на Украина, кој украинските власти го најавија за 1 јануари, би предизвикал…

December 22, 2024
СВЕТ

(Видео) Детали за пукањето во училиштето во Грац: најмалку осум загинати, телото на напаѓачот пронајдено во тоалетот

Најмалку осум лица се убиени во пукотница во училиште во австрискиот град Грац. Тамошните медиуми јавуваат дека бројни полициски единици,…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?