Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: За Владата да доживее вистинска реконструкција, прво треба да се реконструира премиерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: За Владата да доживее вистинска реконструкција, прво треба да се реконструира премиерот
ПОЛИТИКА

СДСМ: За Владата да доживее вистинска реконструкција, прво треба да се реконструира премиерот

Објавено June 22, 2026 15:20
Сподели
Сподели

За оваа влада да доживее вистинска реконструкција прво би требало да се реконструира премиерот – коментираат од опозицискиот СДСМ додека партиите од власта ги водат разговорите за реконструкцијата на Владата. Обвинија дека власта создава илузија дека нешто се менува со реконструкцијата, а дека во суштина сè ќе остане исто.

„Нова амбалажа, ист производ со поминат рок. Додека тие се занимаваат со преуредување на фотелји, граѓаните се занимаваат со тоа како да стигнат до крајот на месецот. Но, според Владата, тоа е ‘личен проблем’ на граѓаните, а не државен. На крајот, сè ќе биде како и досега – само со нови имиња и нови изјави за ‘историски момент’. Гаѓаните ќе продолжат да чекаат Влада која работи за нив, а не за себе“,коментираат од СДСМ.

Оттаму велат дека за вистинска промена, прво треба да се реконструира премиерот.

„Затоа што токму тој ја води Владата, исто како што ја води и партијата. Значи – фан-клуб. Како во партијата, така и во Владата. Реконструкцијата, според нив, ќе донесе ‘повеќе одговорност, ефикасност и резултати’. Што во превод значи: ќе ги сменат оние што веќе не можат да се бранат и ќе доведат нови кои уште не се истрошени. ЗНАМ, здружението кое повеќе не постои, сега треба да предложи ‘нови’ лица. Прашањето е само дали ќе биде Максо, или ќе го рециклираат некој стар што веќе го видовме во друга улога“,додаваат од опозицискиот СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека разговорите за реконструкцијата со коалициските партнери се при крај и дека во текот на викендот сето тоа ќе се формализира и со имиња и со останати специфики.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германец со мотор излета кај Бигорски манастир, заврши во болница во Гостивар
Следна Статија Мерц: Црна Гора практично е подготвена да влезе во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ивановски: Јас сум во СДСМ од 1994 година, не може Филипче да ме исклучи

Игор Ивановски, кој е од од онаа група за реформи во СДСМ му порача да не врши притисок врз оние…

July 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното обраќање истакна дека годината која ја испраќаме била година на сериозни предизвици, во која било…

December 31, 2025
ПОЛИТИКА

Филков до ДУИ: Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање на Дијана Тоска од ДУИ во врска со петицијата на студентите…

February 26, 2026
ПОЛИТИКА

Шукова за управувањето со отпад во Скопје: Граѓаните заслужуваат систем, а не изговори

Во телевизиското соочување на Канал 5 со противкандидатот Орце Ѓорѓиевски, кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, се осврна на…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?