Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков до ДУИ: Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филков до ДУИ: Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите
ПОЛИТИКА

Филков до ДУИ: Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите

Објавено February 26, 2026 17:48
Сподели
Сподели

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање на Дијана Тоска од ДУИ во врска со петицијата на студентите на правните факултети за полагање на правосуден испит на албански јазик рече дека Уставот и законите мора да важат за сите.

Во моментов, можност за полагање на друг јазик освен на македонскиот јазик, не постои, затоа што правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка, а тоа на вас ви е многу добро познато. Впрочем и Венецијанска комисијата има дадено негативно мислење на Законот за употреба на јазиците а во моментов до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на истиот. Околу употребата на јазикот и она што вие како власт во изминатите 20 години го имате работено должите одговори пред целата јавност. Се надевам дека овие одговори ќе ги дадете Вие а не некој друг во постапка што следи”, истакна Филков.

Министерот Филков од собраниска говорница покажа двојазично уверение кое е потпишано од него и истакна дека тоа го прави за секој оној кој тоа ќе го побара .

Требаше некое време да сфатам на што се должи оваа хистерија која што во изминатиот период беше продуцирана од страна на одредени политички партии, но после онаа епизода ,,Артан Груби се враќа дома”- нештата се многу појаси. Дали некој е националист или не говори ова уверение кое што е двојазично и потпишано од мене, овде лево доле. Секој еден што побарал во Министерство за правда тоа било дозволено, така ќе остане и во иднина. Но она што вие треба да го одговорите денес е што правеа вашите осум министри во изминатите 20 години. Или повторно, одговорот ќе чекаме да дојде од друга страна, во постапка и затоа е цела оваа нервоза и хистерија. Времето на национал-романтизам заврши, денес ќе се работи по Устав и закон. И уште една работа што е многу битна:Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите!, порача министерот за правда Игор Филков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По пет години затвор добија турските државјани кои помагаа во извршување на убиство во Штип
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Визијата на Борис Трајковски останува наша обврска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче да не глуми лажна загриженост и да им се извини на граѓаните за катастрофите во негово време, реагираат од ВМРО ДПМНЕ

Филипче наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето да им се извини на граѓаните за тоа што во…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

Пендаровски: ЕУ де факто ги смени критериумите за членство

Европската унија де факто ги смени критериумите за членство, оцени денес поранешниот претседател Стево Пендаровски во своето обраќање на дебатата…

April 8, 2026
ПОЛИТИКА

НАУТРО СЕЈАТ СТРАВ, А НАВЕЧЕР ПРАВАТ ЖУРКИ ВО ПАРК Хипокризијата кај СДСМ е сè поизразена, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ повторно ги обвини опозициската СДСМ и ДУИ за намерно подметнување на пожарите околу Скопје. „Хипокризијата кај СДС е…

September 14, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра?

Kако Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра? СДС и Филипче должат одговори, праша пратеникот од…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?