Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени!
ПОЛИТИКА

Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени!

Објавено May 21, 2026 13:19
Сподели
Сподели

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска испрати порака до премиерот Христијан Мицкоски, од кого побара заедно да ги донесат уставните измени.

-Сметам дека се наоѓаме во едно многу критично време и многу важен момент во кој треба да се донесат многу сериозни одлуки. Зошто сметам дека моментот е многу важен? Кај нас, за неколку дена, односно за нешто помалку од две недели, во посета доаѓа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Антонио Кошта пред точно една година, кога беше тука, кажа дека за членство во Европската Унија има само план А и нема план Б. Оттогаш работите не се променети, рече денеска Филипче.

Тој посочи дека постои волја во Европската Унија, после повеќе од 15 години, повторно да се активира проширувањето.

-Проширувањето е еден од приоритетите, заедно со помошта за Украина од 90 милијарди евра, која се ослободи сега со смената на власта во Унгарија, како и ставот кон развојот на вештачката интелигенција.Како тоа го гледаме? Веќе е формирана комисија која работи на креирање и пишување на пристапниот договор на Црна Гора со Европската Унија. Понатаму, гледаме дека сериозен напредок, освен Црна Гора, има и Албанија, рече лидерот на СДСМ.

Филипче посочи и дека имал одличен состанок со господинот Дробњак.

-Само две земји не се влезени во Европската Унија како дел од пакет, а тоа се Хрватска и Грција. Што значи дека, со сите геополитички случувања, кога се разговара за решение за Молдавија и тоа дали ќе биде во контекст на Романија или не, и за Украина, тоа е уште една потврда дека проширувањето е високо на приоритетната листа на Европската Унија. Доколку не се качиме на овој воз, можно е вратите со децении понатаму да бидат затворени, вели тој.

Филипче вели и дека кога веќе се разговара за буџетите во Европската Унија, можно е да не бидеме земени предвид, и нема да бидеме земени предвид ако не ги направиме потребните чекори.

-И во следните седумгодишни буџетски рамки нас ќе нè нема. Понатаму, еве гледаме дека и Исланд планира со референдум повторно да го актуализира прашањето за членство во Европската Унија. Оваа геополитичка ситуација, која се промени со војната во Украина, со војната на Блискиот Исток, со тоа како Европската Унија повторно го врати проширувањето од геостратешки и геополитички аспект на врвот на листата на приоритети, е само уште еден силен индикатор дека ние овој момент треба да го искористиме. Сакам да упатам повик. Често има повици, сега следиме во јавноста, и сакам да го кажам следното: Го повикувам Христијан Мицкоски и власта заеднички да ги направиме уставните измени. Притоа, ќе ја споделиме одговорноста за тој чин, ние како коалиција предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Истовремено, имајќи предвид дека, како што била праксата во сите земји — Хрватска, Бугарија и понатаму — кога траеле преговорите, сите партии работеле заедно, сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите.Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите, вели Филипче.

Тој апелира да не го пропуштиме моментот.

-Ќе останеме настрана, нема да имаме шанса, нема да можеме да преживееме. Нема да имаме пари од каде да земеме, ќе тонеме во сиромаштија, а младите ќе заминуваат од земјата. Упатувам јавен повик да го направиме чекорот. Да ја споделиме сите заеднички одговорноста, вели Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Студентите од Албанија најавија протест во Тирана за поддршка на колегите Албанци од Македонија
Следна Статија Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Движењето ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за електронски попис

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска изјави дека го поддржува…

June 28, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Ристески од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ

Во најавената епизода на „На кавга со Иван“, новинарот Иван Мирчевски го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, дали во…

June 17, 2025
ПОЛИТИКА

Максим Димитриевски најави нова детска градинка за 400 деца и целосна изградба на улицата АВНОЈ

Градоначалникот на Куманово и кандидат за нов мандат – Максим Димитриевски најави нов голем капитален објект – изградба на детска…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот

Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во Ѓорче Петров најави инфраструктурни интервенции кои ќе започнат веднаш…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?