Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на Конференција за кочанската трагедија: Ја плативме сметката за девастиран систем, ова беше најтешкиот ден во мојот живот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на Конференција за кочанската трагедија: Ја плативме сметката за девастиран систем, ова беше најтешкиот ден во мојот живот
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Конференција за кочанската трагедија: Ја плативме сметката за девастиран систем, ова беше најтешкиот ден во мојот живот

Објавено March 14, 2026 10:57
Сподели
Сподели

Една година по катастрофалниот пожар во Кочани кој ја потресе целата нација, државниот врв порача дека болката останува, но и обврската да се изградат институции кои нема да дозволат повторување на ваква несреќа. Премиерот Христијан Мицкоски, во своето воведно обраќање на меѓународната конференција во Скопје, посветена на институционалните и клиничките аспекти по трагедијата, емотивно се осврна на кобниот настан.

„Трагедијата во Кочани остави длабока рана во нашето општество. Во една ноќ се прекинаа животи, се променија судбини и се отвори болка која ќе остане долго во сеќавањето на нашата држава“, рече Мицкоски, изразувајќи длабока почит кон жртвите, нивните семејства и повредените кои сè уште водат битка за закрепнување.

Премиерот истакна дека денот на несреќата бил најтешкиот ден во неговиот живот, нагласувајќи дека трагедијата се случила само осум месеци по неговото стапување на функцијата. Тој директно го впери прстот кон децениската негрижа за институциите.

„Само 8 месеци од моето управување со државата се случи да се плати сметката за еден девастиран систем кој беше уништуван со децении. Кој е виновен за сето ова? На ова мора да дадат одговор обвинителството и судовите. Но, воедно мора да говориме и за вината во креирањето на тој систем кој потфрли, каде со децении и години се креира тоа диво месо кое стигна до нашите најмили“, потенцираше Мицкоски.

И покрај системскиот колапс, премиерот нагласи дека трагедијата ја разбудила човечноста и солидарноста. Тој им оддаде посебно признание на „тивките херои“ – лекарите, медицинскиот персонал, болничарите, крводарителите и волонтерите кои деноноќно работеле за да спасат човечки животи. Мицкоски се заблагодари и на меѓународната заедница која веднаш ги отворила вратите на своите болници за македонските пациенти, заклучувајќи дека конференцијата мора да го претвори ова болно искуство во конкретни решенија за побезбедно општество.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ го цинкари Уставниот суд кај дипломатите
Следна Статија Работнички протест во Скопје: Синдикатот го отфрла покачувањето од 1.667 денари и бара достоинствени плати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија помеѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа

Одењето од точка А до точка Б можеби не е исто искуство низ цела Европа. Јавниот превоз има големо влијание…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари истакна дека не…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пак пцовисуваат животни во „ЗОО Скопје“ – хоророт и натаму продолжува

Хоророт во Скопје ЗОО и натаму продолжува, пред некој ден почината млада женка мајмун сијаманг. Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска се слават Светите маченици Козма и Дамјан

Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?