Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје

Објавено April 22, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари.

„Враќањето на „Скопски саем“ во сопствен објект не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен центар“, изјави директорот Томовски, истакнувајќи го значењето на оваа иницијатива за развојот на економијата.

Даниела Глигоровска, директорка на „Скопски саем“, ги нагласи предностите од обновување на саемската активност, која веќе неколку години не се одржува во свој објект.

„Саемите претставуваат клучни настани за промоција на македонските производи и услуги, како и за создавање на нови можности за странски инвестиции и соработка. Изградбата на современ саемски комплекс ќе ги отвори вратите за нови можности и ќе создаде услови за зајакнување на економијата“, додаде Глигоровска.

На средбата беше договорено меѓуинституционалната соработка и поддршка да продолжи и во периодот што следи подетално да се разгледаат сите аспекти и можности за изградба на нов објект за потребите на саемските манифестации

.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заврши доказната постапка во судскиот процес поврзан за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај
Следна Статија Дизелот и бензинот со иста цена, се намалува мазутот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1

Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7…

July 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

Невена Спасеска, мајка од Скопје, на која судот во Охрид, а потоа и во Битола и го одзедoa четиригодишното дете…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Онкологија биолошка терапија има само за 24% од пациентите, два акцелератора се во функција

Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Со новата карго – железничка обиколница во Скопје добиваме еколошки бенефит, но и забрзување на Коридорот 10

Во рекордно време се заврши карго обиколницата во Скопје со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на…

July 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?