Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доктор Шаини проговори по нападот: Не ја политизирајте случката, нема политичко непријателство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Доктор Шаини проговори по нападот: Не ја политизирајте случката, нема политичко непријателство
МАКЕДОНИЈА

Доктор Шаини проговори по нападот: Не ја политизирајте случката, нема политичко непријателство

Објавено October 8, 2025 17:55
Сподели
Сподели

Доктор Зекерија Шаини, кој вчера беше застрелан во фреквентен дел од Куманово, е пуштен од болница и се наоѓа на домашно лекување.

По нападот, кој ја потресе јавноста, Шаини бил хоспитализиран на одделот за Пластична хирургија во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје. По успешната интервенција, лекарите потврдиле дека тој е во стабилна состојба и може да продолжи со закрепнување дома.

Во изјава за Алмакос, докторот првпат проговори за настанот, нарекувајќи го „кукавички обид за убиство“ извршен од маскирани лица. Тој нагласи дека нема непријателство со никого и побара случајот да не се политизира.

– Вчера бев нападнат на кукавички начин од маскирани лица. Сакам да ве уверам дека немам непријателство со никого, ниту пак сум ја допрел нечија чест или семејство – за тоа ми е сведок само Бог. Сме во изборна кампања, но не сакам оваа случка да добие политичка конотација. Немам политичко непријателство со никого. Ги молам органите на редот да го расветлат случајот што е можно побрзо – изјави доктор Шаини.

Од Министерството за здравство вчера соопштија дека со вознемиреност ја примиле веста за нападот врз нивниот колега, додека директорката на Клиниката за пластична хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска, потврди дека пациентот е во добра општа состојба и дека раните се успешно санирани.

Полицијата во меѓувреме ја лиши од слобода 43-годишната А.А. од Тетово, која се сомничи дека е поврзана со обидот за убиство на својот сопруг – докторот Шаини. Се трага и по Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој е осомничен дека директно учествувал во нападот и сè уште е во бегство.

По целосното документирање на случајот, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Судството и обвинителството се сегменти коишто се последните бастиони во одбрана на владата на СДСМ и ДУИ, но ќе има реформи и во оваа област
Следна Статија Гевгелија ќе се поврзе со Солун за само 30 минути, Николоски откри кога ќе биде готова брзата пруга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Колони од возила на „Ќафасан“, Албанците навалија на нафта и храна

Рекорден проток на патници и возила е забележан во текот на денов на граничниот премин „Ќафасан", на македонско - албанската…

April 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа

Нас никој не нѐ ослободи, сами се ослободивме со помош на над 110 илјади Народно-ослободителна војска за Македонија. Нам никој…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Распука асфалтот на патот кон Теферич, пет месеци по неговата поправка

Распука асфалтот на патот што води кон населбата Теферич во Општина Кисела Вода. Ова е констатирано од денешниот увид на…

February 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

21. „Бела ноќ“ во Скопје

Мултимедијалнии изведби, изложби, концерти, литературни читања и перформанси ќе бидат организирани вечер во рамки на 21. манифестација „Бела ноќ“ која…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?