Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гевгелија ќе се поврзе со Солун за само 30 минути, Николоски откри кога ќе биде готова брзата пруга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гевгелија ќе се поврзе со Солун за само 30 минути, Николоски откри кога ќе биде готова брзата пруга
МАКЕДОНИЈА

Гевгелија ќе се поврзе со Солун за само 30 минути, Николоски откри кога ќе биде готова брзата пруга

Објавено October 8, 2025 18:04
Сподели
Сподели

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски денес беше во посета на Гевгелија.

-Се надевам дека градоначалникот ќе победи уште во првиот круг и дека навистина проектите коишто ги започнавме ќе ги продолжиме да ги реализираме во годините коишто се пред нас. Со задоволство можам да кажам дека реализиравме бројни проекти, во првиот и во вториот повик, како и проекти кои што се финансирани од страна на Министерството за транспорт, каков што е овој Западен булевар, на кој што се наоѓаме во моментов, рече тој.

Николоски најави и нови проекти коишто се планирани за следниов период.

-Завршена е постапката за избор на изведувач, за реконструкција на улици во населените места Моин, Прдејци и Богородица и наредниве денови почнуваат со работа што ќе е вондредно значајно за овие три населени места. А исто така, во тек е изработка и на проектна програма за изработка на комплетна проектна документација, за проширување со подобрување на геометриските елементи на патот од Гевгелија до Ново Коњско во должина од 5 километри, што мислам дека е многу значајно, и во текот на следната година целиот ќе биде завршен. Понатака, преку Управата за водостопанство и Министерството за земјоделие, а во дел на изградбата на новата брана Коњско, каде што и Министерството за транспорт активно учествуваше, ќе работиме на пат кој што оди од брана Коњско до Ново Коњско и исто така до крајот на 2026 година треба да е завршен. А веќе во 2027 година, очекувам и браната да е наполнета односно да функционира и самата брана која што ќе е многу значајна за целиот овој регион. И секако третиот дел, од брана Коњско до Смрдлива Вода, којшто очекуваме да се заврши некаде до 2027 година во должина од 5 километри. Кога сето ова ќе се стави во контекст на развојот кој што го правиме во рамки на општината, како и најголемиот проект на кој што и активно работиме и активностите одат одлично, а тоа е брзата пруга каде што Гевгелија ќе има централно место, односно после скопската гевгелиската ќе е најголема железничка станица. И ќе значи дека до Солун ќе се патува некаде за 30тина минути, а некаде до Скопје, час, час и 15 минути, рече Николоски.

Тој порача дека Гевгелија ќе добие комплетно централно место не само во државата туку во целиот регион и за бизнис и за туризам и сето она што ќе го прави животот на граѓаните подобар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доктор Шаини проговори по нападот: Не ја политизирајте случката, нема политичко непријателство
Следна Статија Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Бектеши и Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште едно лице вечерва се…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кошта: Албанија и Црна Гора се понапредни, би можеле да се приклучат кон ЕУ пред другите

Албанија и Црна Гора очигледно се понапредни од другите земји и би можеле да се приклучат кон Европската Унија пред…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Небезбеден патот од Пантелејмон до средно Водно

Општина Карпош им соопштува на своите граѓани дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно во моментот не е безбеден за…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?