Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По пет години затвор добија турските државјани кои помагаа во извршување на убиство во Штип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > По пет години затвор добија турските државјани кои помагаа во извршување на убиство во Штип
ХРОНИКА

По пет години затвор добија турските државјани кои помагаа во извршување на убиство во Штип

Објавено February 26, 2026 17:45
Сподели
Сподели

Турските државјани Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдруд добија по пет години казна затвор, бидејќи во мај 2025 година му помогнале на Кадир Кара во извршување на убиство, кое се случи во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Судечкиот судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Недкова денеска ја објави пресудата за четворица обвинати за помагање во извршување на убиство.

-Судот ги осудува обвинетите Рамазан Аџет, Селахатин Арслан, Осман Метихан Кулдур како помагачи за сторено кривично дело убиство на казна затвор од по 5 години. Во изречената казна затвор на обвинетите, сите од Турција им се пресметува и времето поминато во притвор сметано од 5 мај 2025, па се додека притворот трае. Судот им изрекува и казна протерување странец од земјата, кое ќе трае засекогаш, кое започнува од денот на протерување на сторителот од територија на Македонија, а казната ќе се изврши по издржување на изречените казна затвор во траење од по 5 години-рече Недкова при изрекувањето на пресудата во Основниот суд во Штип.

Четвртообвинетата доби три месеци казна затвор, бидејќи била во притвор, а потоа и во куќен притвор, со што ја има издржано казната.

Инаку, убиствот се случи во кафуле во Штип, а убиецот Кадир Кара, кој призна вина е осуден на затворска казна од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски затвор.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Korean ‘ants’ pile into leveraged funds to profit from stock market boom – Financial Times
Следна Статија Филков до ДУИ: Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

30-дневен притвор за возачот на камион што усмрти четворица во сообраќајка на скопската обиколница

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на…

May 23, 2026
ХРОНИКА

Кривична пријава против екс директорот на СОЗР Пеце Мирчески за примање поткуп, фалсификување исправа и проневера и несовесно работење во службата

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата…

February 5, 2025
ХРОНИКА

Дал 5 евра за автобусот да ја мине границата, уапсен 28-годишен Косовец на Блаце

На 22.12.2024 во 21.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода…

December 23, 2024
ХРОНИКА

Поранешниот спортски директор на фудбалската репрезентација, Масев осуден на четири години затвор поради трговија со дрога

Поранешниот македонски фудбалер и спортски директор на нашата репрезентација, Дени Масев е осуден на четири години затворска казна во случајот…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?