Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ поднесе закон за намалување на цени со кој до 2.000 денари ќе се заштедува месечно на храна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > СДСМ поднесе закон за намалување на цени со кој до 2.000 денари ќе се заштедува месечно на храна
ЕКОНОМИЈА

СДСМ поднесе закон за намалување на цени со кој до 2.000 денари ќе се заштедува месечно на храна

Објавено November 4, 2024 14:12
Сподели
Сподели

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Предлог-законот го претстави претседателот на СДСМ, Венко Филипче според кого, измените ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.

„Во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ“, истакна Филипче на денешната прес-конференција што се одржа во Собранието.

Имајќи предвид дека учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, според Филипче, ефектите од намалувањето на ДДВ-то на нула проценти ќе донесе заштеда за граѓаните до 2 илјади денари месечно.

„Она што е најважно е дека за спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

СДСМ преку консултации со експерти и бизнис секторот разви мерки кои го штитат стандардот на граѓаните без да ги оптоваруваат компаниите и како опозиција и понатаму остануваме посветени на заштита на нивните интереси, додаде Филипче

Тој ги повика сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законот, но упати и критика до владините политики кои ги оставија граѓаните со сè помали буџети за кои основните прехранбени производи станаа луксуз, а мерките за нивно поевтинување се сведоа на празни налепници и неефикасна ПР кампања.

„По еден месец, владината мерка за наводно поевтини основни прехранбени производи, се покажа како целосно неефикасна. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека истовремено платите паѓаат. Реалноста е дека голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија“, потенцира Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети на ефективните економски модели што ги спроведуваше Владата на СДСМ, кои со само една мерка овозможија поевтинување на над 500 производи, или пет пати повеќе од сегашните резултати.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митева: ДУИ да се навикне на опозиција, барањата за предвремени избори се несоодветни
Следна Статија Поевтинуваат горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Граѓаните им должат на банките четири милијарди евра

Банките во државата располагаат со вкупни депозити од 570.298 милиони денари или 9,27 милијарди евра. На годишно ниво се зголемени…

December 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Македонските работници имаат мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе од што се платени

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, синоќа со остра реакција на социјалните мрежи обвини дека се…

October 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

June 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од следната недела „Визер“ ќе лета од Скопје за Лион и Барселона

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ планира до ноември годинава да ја замени својата флота на авиони од типот „ербас А320“ со моделот…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?