Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седница на Советот на Народната банка – Макроекономските движења се во рамките на проекциите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Седница на Советот на Народната банка – Макроекономските движења се во рамките на проекциите
ЕКОНОМИЈА

Седница на Советот на Народната банка – Макроекономските движења се во рамките на проекциите

Објавено February 27, 2026 16:04
Сподели
Сподели

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари 2026 година, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.

Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии. Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината.

Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемија и на крајот на декември достигнаа 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%). Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година.

На седницата на Советот беа разгледани и други точки поврзани со редовното работење на Народната банка.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ‘Flow’ dramatically improves Android voice typing without replacing Gboard – 9to5Google
Следна Статија Боки 13 призна дека е вљубен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: За три години ќе имаме нов, модерен и безбеден автопат Прилеп- Битола, во сабота започнуваме со активности

Во сабота почнуваат конкретните активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола, проект кој целиот Пелагонски регион го очекува. Автопатот…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ со препорака: Дома секогаш чувајте одредена сумa готовина

Европската централна банка (ЕЦБ) им препорачува на граѓаните секогаш да имаат одредена сума готовина во своите домови, бидејќи во кризни…

September 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонските градежници сѐ помалку имаат работа во странство

Домашната градежна оператива во периодот јануари – март годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 23 милиони…

May 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци и парите ќе останат во џебовите граѓаните

Во време кога граѓаните сѐ уште трпат големи последици од економската криза, а банките од година в година остваруваат огромни…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?