Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седум и пол години затвор за жената од Кратово која пред две години со нож ги уби сопругот и свекорот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Седум и пол години затвор за жената од Кратово која пред две години со нож ги уби сопругот и свекорот
ХРОНИКА

Седум и пол години затвор за жената од Кратово која пред две години со нож ги уби сопругот и свекорот

Објавено June 2, 2026 11:32
Сподели
Сподели

Основниот суд во Куманово изрече казна затвор од седум и пол години за Вангелица Илијевска, откако таа го призна делото за убиство на својот сопруг и свекор во настан кој се случи во јуни 2024 година.

Во текот на денешното рочиште, Основното јавно обвинителство изврши преквалификација на делото од „убиство“ во „убиство на миг“, по член 125 од Кривичниот законик, по што обвинетата ја прифати вината.

Според образложението на обвинителството, психијатриското вештачење покажало дека Илијевска дејствувала во состојба на силна раздразливост и афект, кој бил поттикнат од претходен напад и долгогодишна семејна напнатост, што влијаело врз нејзината психичка состојба во моментот на извршување на делото.

Судијата од Основниот суд Куманово во образложението нагласи дека се работи за тежок и трагичен случај со две изгубени животи, но дека судот ги зел предвид и олеснителните околности, вклучително и признанието на вина и околностите наведени од одбраната.

Одбраната на Илијевска посочи дека таа подолг период била изложена на семејно насилство, за што биле приложени и докази од надлежни институции, како и дека е мајка на две малолетни деца и претходно не била осудувана.

Судот одлучи во казната да се пресмета и времето поминато во куќен притвор, а мерката притвор останува на сила до правосилноста на пресудата.

По изрекувањето на пресудата, во судницата имаше реакции на незадоволство, а самата обвинета, според присутни, ја примила одлуката со емоции и плач.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност, кажаа од Вреди по неговата оставка
Следна Статија Пендаровски: Заев му понуди договор на Мицкоски за уставни измени и предвремени избори, но тоа не се случи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче три пати ја удира Ивана

Видео од камерите од „Сејф сити“ покажува како обвинетиот Стојанче Јовановски и удрил 3 шлаканици на сопругата Ивана само три…

April 8, 2026
ХРОНИКА

Падна рекетарска шема – фатено примопредавање на 165 000 евра

Со месеци закани, со години рекет, со стотици илјади евра исцицани преку страв и уцен. Бирото за јавна безбедност денеска…

August 4, 2025
ХРОНИКА

Koј е кој во клановите Беланоцa/Барон и Дуќанџик/Грчец

Mинистерот Панче Тошковски тргна во разбивање на нарко клановите во Скопје кои сееја страв како меѓу бизнисмените така и кај обичниот човек.…

December 19, 2024
ХРОНИКА

Исчезна 18-годишна девојка од Скопје

На 22.02.2025 во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Б.(41) од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?