Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се намалува цената на дизелот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се намалува цената на дизелот
ЕКОНОМИЈА

Се намалува цената на дизелот

Објавено April 27, 2026 13:38
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 20.4.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,268%, кај дизелот има намалување за 3,760%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,528% и кај мазутот има зголемување за 1,117%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0452%.

Од 28.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,656 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и сега ќе изнесува 46,656 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Врсничко насилство во Ѓорче Петров: Ученичка била горена со цигари, ја снимале со мобилен
Следна Статија Вајц: Во последната година не видовме напредок кај Македонија во спроведувањето на реформите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Филипче: Предложивме закон, минималната плата да биде 27.000 денари

„Денеска во услови на голема економска несигурност како одговорна опозиција, предлагаме измени и дополнувања на законот за минимална плата. Со…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски по посетата на ОАЕ: Очекувам првата убава вест да ја објавиме уште утре

Посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) беше исклучителна успешна и македонската делегација беше пречекана на високо ниво во Абу Даби.…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекуваме инфлацијата да се намалува во следниот период

Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очкеуваме во следниот период…

October 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Опколен од милијардери во Давос, Трамп планира да објасни како ќе ја направи станбената дејност поостварлива

Претседателот Доналд Трамп планира да употреби клучен говор за да ги убеди Американците дека може да ги направи становите достапни,…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?