Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вајц: Во последната година не видовме напредок кај Македонија во спроведувањето на реформите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вајц: Во последната година не видовме напредок кај Македонија во спроведувањето на реформите
МАКЕДОНИЈА

Вајц: Во последната година не видовме напредок кај Македонија во спроведувањето на реформите

Објавено April 27, 2026 13:50
Сподели
Сподели

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за „Еуроњуз Бугарија“ изјави дека во последната година земјава нема постигнато никаков напредок во спроведувањето на реформите. Не станува збор само за продолжување на преговорите, рече тој, туку и за реформската агенда и планот за раст.

„Ако земјата не ги спроведе потребните реформи, 47 милиони евра нема да одат кај неа, туку кај соседните земји“,рече известувачот за  Македонија во Европскиот парламент.

Вајц повтори дека впишувањето на малцинствата, меѓу кои и Бугарите, во македонскиот Устав е неопходен чекор и услов за откочување на преговорите за членство во Европската Унија.

„Гледаме некои позитивни чекори, знаете, постои акциски план за прашањата на малцинствата, така што има одреден напредок, но владата мора да ги спроведе реформите, во спротивно не можеме да се вклучиме во вистински преговори“,додава тој во интервјуто за „Еуроњуз Бугарија“.

На прашањето кои се клучните реформи што земјава треба да ги спроведе за да постигне напредок во преговорите, Вајц ги посочува реформите во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата, како и обезбедувањето независни судски системи што обезбедуваат правда за граѓаните, но и за развој на земјата.

Позитивно е што постои изјава дека владата на Македонија е подготвена да ги забрза своите напори во однос на реформите – рече Вајц во одговор на прашањето дали постои ризик Македонија да се одвои од Албанија на европскиот пат и да остане трајно изолирана. Сепак, како што вели, Албанија исклучително брзо напредува особено во спроведувањето на реформите од законодавството.

„Демаркацијата меѓу двете земји го следи принципот на заслуги. Не треба да ја запираме едната земја затоа што другата не напредува. Се надевам дека пристапувањето на Албанија или големите шанси за пристапување на Албанија ќе дадат стимул и на политичката сцена во  Македонија. Го гледам ова кај луѓето– откако започна демаркацијата, поддршката за ЕУ во Северна Македонија расте. Се надевам дека владата ги слуша своите граѓани. Дали моите деца ќе имаат работа? Дали има градинка? Дали има инфраструктура? Дали има болница? Ова се прашањата што се важни за луѓето, и тие разбираат дека во ЕУ има поголеми шанси да добијат повеќе од тоа“,додава Вајц.

На прашањето кога  Македонија реално би можела да се приклучи кон Европската Унија, Вајц вели дека доколку земјава се обврзе сериозно да ги спроведува реформите, со оглед на тоа што веќе има преземено чекори штп другите земји како Србија и БиХ не ги презеле, има шанси да им се приклучи на Албанија и на Црна Гора за пристапување во ЕУ во текот на актуелниот мандат на Европарламентот.

„За жал, не гледам дека сè уште се преземаат потребните реформи. Во овој момент, не гледам политичка волја од страна на владата сериозно да се обврзе, особено кога станува збор за владеењето на правото и независноста на судството. Но, јас сум таму за да поддржам, за да му помогнам на регионот да напредува, затоа нема да се откажам“,додава известувачот за земјава во ЕП во интервјуто за „Еуроњуз Бугарија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се намалува цената на дизелот
Следна Статија Јане Ченто: Доказите укажуваат на комуникации меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во постапката за „27 април“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јавниот обвинител Коцевски поднесе оставка

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, иако по неговата интерпелација тој одби да се повлече, денеска ја достави својата оставка до Собранието…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не сум среќен поради дебаклот на СДСМ, но тој е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше

Овој резултат е порака до СДСМ. Морам да признаам дека не сум среќен поради нивниот дебакл, но тој е одраз…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани

Семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“, продолжуваат со организирање „Марш за ангелите“, а денеска ќе се одржи деветтиот…

June 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет, евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната тематска прес-конференција во Владата информираше за текот на евакуацијата…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?