Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јане Ченто: Доказите укажуваат на комуникации меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во постапката за „27 април“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Јане Ченто: Доказите укажуваат на комуникации меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во постапката за „27 април“
ПОЛИТИКА

Јане Ченто: Доказите укажуваат на комуникации меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во постапката за „27 април“

Објавено April 27, 2026 14:14
Сподели
Сподели

Јане Ченто, еден од обвинетите за случајот „27 април“, денеска информира дека е поднесена кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В. Р. поради сомнежи за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба и овластувањето. Ченто информира дека до Јавното обвинителство се доставени документи, заверени изјави и вештачења, кои, според него, отвораат сериозни сомнежи за попречување на правдата, притисоци врз сведоци и злоупотреба на службената положба во текот на судската постапка.

Според Ченто, пријавата е поткрепена со обемна документација и докази, кои, како што рече, сериозно го доведуваат во прашање начинот на кој биле водени истрагата и судскиот процес за случајот „27 април“.

– Денес стоиме пред вас како луѓе што повеќе од осум години се соочуваат со системска неправда. Денес, официјално поднесовме кривична пријава против поранешен јавен обвинител поради основани сомнежи за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба – изјави Ченто пред Јавното обвинителтво во Скопје.

Тој посочи дека до Јавното обвинителство се доставени докази за комуникации меѓу висок функционер и клучен сведок во постапката, како и меѓу блиски лица на функционери и сведоци, поврзани со начинот на давање на исказите.

– До Јавното обвинителство доставивме докази поврзани со случајот „27 април“, кои сериозно го доведуваат во прашање начинот на кој била водена истрагата, како и текот на судскиот процес. Овие докази укажуваат на комуникации меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во постапката, како и комуникација меѓу брат на висок функционер и сведок, поврзана со можни договори со обвинителот и со содржината на сведочењето што било дадено во таа постапка – вели тој.

Сведокот, како што изјави Ченто, со изјава заверена кај нотар, наведува дека неговиот претходен исказ даден во постапката бил невистинит и дека му било ветено дека ќе му се помогне во други кривични постапки доколку даде таков исказ.

– Дополнително, постои и вештачење од овластен судски вештак на мобилни телефони, кое ја поткрепува изјавата на сведокот заверена кај нотар – дополнува тој повикувајќи го ЈО темелно да ја разгледа кривичната пријава и доставените докази.

Според Ченто, ова не е обичен случај, туку, како што вели, станува збор за основано сомневање дека биле користени незаконити докази, дека се вршел притисок врз сведоци и дека е донесена пресуда врз основа на монтирана постапка.

– Ова денес не е политичка изјава, туку чекор заснован на документи и сериозни сомнежи за сторени кривични дела. Сите докази со кои располагаме се доставени до Јавното обвинителство и очекуваме тие да постапат професионално и без одлагање – рече тој.

Од Јавното обвинителство велат дека пријавата ќе биде примена и ќе се проверат наводите.

– Како и секоја пријава, и оваа ќе биде примена и ќе се проверат наводите – велат од таму.

Апелацискиот суд минатата недела донесе одлука со која не го прифати барањето за повторно судење на осудените за насилството при упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

– Жалбата е неоснована. Судот го ценеше жалбениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст. 1 т. 11 од ЗКП, меѓутоа тој не го прифати како основан, со оглед што образложеното решение не содржи такви недостатоци поради што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот – се вели во одлуката на Апелација, која е потврда на решението на Кривичниот суд од декември.

Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13-годишна затворска казна под обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок, а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега судијка во Уставниот суд.

Некои од обвинетите во случајот добија амнестија со законот што беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вајц: Во последната година не видовме напредок кај Македонија во спроведувањето на реформите
Следна Статија Грилиш мортус пијан среде бел ден (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе објави нови имиња на кандидати за градоначалници

Седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи денеска. Од партијата најавуваат дека по завршување на седницата, пред просториите…

June 13, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Бујар нека одлучи каде и кога сака јавно да се соочиме

Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче бара уште еден референдум за ЕУ

Граѓаните се единствените кои можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена, rаспишете референдум,…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?