Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Манасков: Бараме оставка од министерката Јаневска и итна смена на директори поради насилството во училиштата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Манасков: Бараме оставка од министерката Јаневска и итна смена на директори поради насилството во училиштата
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасков: Бараме оставка од министерката Јаневска и итна смена на директори поради насилството во училиштата

Објавено May 15, 2026 17:38
Сподели
Сподели

Опозицискиот СДСМ денеска упати остри критики до Министерството за образование и наука поради зачестените инциденти, физички пресметки и појава на ладно оружје во образовните институции. Претседателот на партиската Комисија за образование и наука, Јованче Манасков, на прес-конференција истакна дека системот за превенција целосно потфрла.

Според социјалдемократите, актуелната состојба во училиштата и ученичките домови бара итна институционална одговорност и итна ревизија на безбедносните протоколи.

„Кога тендерите и финансиските интереси стануваат приоритет, а законите и заштитата на учениците се ставаат во втор план, тогаш се случува токму тоа што го гледаме денес – децата се занемарени, без заштита, додека наставниците и професорите се оставени сами да се справуваат со една системска неспособност. Колку инциденти треба да се случат за Министерството конечно да признае дека состојбата е алармантна? Кој ќе понесе одговорност?“, праша Манасков.

Поради нотираните состојби во образовниот систем, партијата излезе со четири конкретни барања до надлежните органи:

„ПОРАДИ ЦЕЛОСНИОТ ИНСТИТУЦИОНАЛЕН НЕУСПЕХ ВО ЗАШТИТАТА НА УЧЕНИЦИТЕ БАРАМЕ:

Одговороност од Весна Јаневска
Одговорност со итна смена на директори кои криеле, не реагирале навреме и игнорирале насилство,
Неспособноста не смее да се наградува со функции, а молчењето и прикривањето да не бидат пракса во образовниот систем.

Вонреден инспекциски надзор во училиштата и ученичките домови со ревизија на сите училишни безбедносни протоколи
Да се утврди кои училишта имаат само формални процедури „на хартија“, без реална примена. Државата мора да провери каде потфрлил системот перед да се случи нов сериозен инцидент.

Годишен извештај за безбедноста во училиштата.
Министерството за образование јавно да објавува податоци за булинг, насилство и преземени мерки, со цел целосна транспарентност и отчетност.“

Дополнително, партиската комисија понуди пакет од 10 итни мерки кои вклучуваат воведување на унифицирани безбедносни протоколи, итно вработување на психолози и педагози каде што недостигаат, како и формирање национален кризен штаб за безбедност во образованието.

Од партијата порачаа дека власта треба веднаш да ги спроведе овие решенија без разлика на политичката заднина, бидејќи најважна е безбедноста на децата.

„Слободно нека ги прифатат, па дури и нека ги претстават како свои, ако тоа значи дека конечно ќе се спроведат и ќе дадат резултат. Важно е само едно – да се заштитат децата, затоа што тие не смеат да бидат жртви на систем кој не нуди решенија и не презема одговорност“, се заклучува во партиското соопштениe.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонци обвинети во САД за измама со „Трамп Бакс“, жртви биле стотици Американци
Следна Статија АД ЕСМ во ниту еден момент не била повикана во ОЈО ГОКК да даде исказ околу настанатата материјална штета за набавката на мазут во ТЕЦ Неготино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Техничката влада мора да остане

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори. 1.Актуелната власт…

January 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: За една година изградени се 7 нови училишта

Во рамки на денешниот саем за отчет под мотото „4 години работа за тебе“, се одржа трибина на тема „600…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

Грција бара од Владата да го користи уставното име

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот…

July 23, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: „SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметно урбано Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Прес24 вели дека јвниот превоз во Скопје…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?