Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лефков: Судскиот совет изврши упад во Академијата за судии и обвинители, во УО назначи свој член и сестра на пратеничката Калевска од СДС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лефков: Судскиот совет изврши упад во Академијата за судии и обвинители, во УО назначи свој член и сестра на пратеничката Калевска од СДС
ПОЛИТИКА

Лефков: Судскиот совет изврши упад во Академијата за судии и обвинители, во УО назначи свој член и сестра на пратеничката Калевска од СДС

Објавено November 2, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители продолжуваат да преземаат чекори и да делуваат кон намалување на довербата на народот во правосудството. Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, и наместо да назначи судии за членови на УО на Академијата, истиот назначи свој член на таа позиција, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено на 24.10.2024 година Судскиот совет ја назначи Антоанета Димовска, која е член на Судскиот совет за член на УО на Академијата.

Членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица, и не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Важно е да се напомене дека Антоанета Димовска покрај тоа што е именуван функционер е и сестра на пратеничката од СДС Снежана Калевска Ванчева.

Законот е јасен. Антоанета Димовска не може да биде член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители.

Дали нејзината роднинска врска со пратеник од СДС го мотивирала Судскиот совет да ја назначи за член на УО на Академијата, иако не смеел тоа да го направи?

СДС треба да кажат која е нивната вмешаност во изборот?

Антоанета Димовска треба да си даде оставка од позицијата, а Судскиот совет колективно да ја понесе одговорноста за овој упад во системот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меѓу жртвите во несреќата во Нови Сад се и сестричките Тина (9) и Сара (5), загина и нивниот дедо
Следна Статија Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Герасимовски: Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи

Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи, изјави предмалку Изет Меџити. Вели, не било тајна дека Арбен преговарал…

April 16, 2025
ПОЛИТИКА

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

Последни денови од годишните одмори бројат многумина наши сограѓани кои ќе се вклучат во изборните активности за локалните избори во…

August 7, 2025
ПОЛИТИКА

Осум кандидатури за градоначалник во Куманово

Во Општинската изборна комисија Куманово поднесени се осум кандидатури за градоначалници и 14 листи за советници за претстојните локални избори,…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?