Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поројните дождови предизвикаа проблеми: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поројните дождови предизвикаа проблеми: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола
МАКЕДОНИЈА

Поројните дождови предизвикаа проблеми: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола

Објавено November 20, 2025 11:19
Сподели
Сподели

Голем одрон на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ го прекина, а потоа го отежна сообраќајот, додека во битолско ерозија се заканува на стариот пат кон Пелистер.

Ова се дел од најкритичните точки каде интервенираа екипите на Регионалните центри за управување со кризи по обилните врнежи во изминатото деноноќие. Патот кај „Јасен“ сега е расчистен по една лента, а се работи на целосно обезбедување на трасата.

Поради ерозија на патот кон Пелистер и кај селото Цапари, надлежните предложија привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на возилата по патот А-3. Во Битола механизација работи и на расчистување наноси и зајакнување на насипите на речните корита.

Во кумановско, реката Пчиња накратко се излеа кај потегот Пелинце – Стрновац, но без штети. Екипите ги чистат мостовите во Коинце и Пелинце од наталожените дрва и отпад, а нивната стабилност не е загрозена.

Во Охрид, диво ископани канали предизвикаа поплавување на подруми во населбата Железничка, додека во Кичево најризична точка е делот кај улицата Прилепска, каде е побарана итна интервенција од општината.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таргет подготвен да ги објави финансиските резултати: Очекувања и предизвици
Следна Статија Голема Cloudflare прекршување која симна ChatGPT, X и Spotify – еве што се случи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вишокот од пет илјади наставници ќе добијат поголем ангажман, неопходни обуки, но и повисоки плати, вели Јаневска

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави низа промени кои ќе влијаат на функционалноста на наставниците и образовниот систем…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме, треба да му се даде шанса на дијалогот со Софија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сето она што го ветиле на изборите во однос на евроинтеграциите многу внимателно го…

February 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за краток коментар во врска со изборот на новиот претседател на Судски совет,…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каја Калас во официјална посета на Македонија

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас денеска ќе престојува…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?