Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 600 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Над 600 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион
МАКЕДОНИЈА

Над 600 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион

Објавено March 4, 2026 16:18
Сподели
Сподели

До денес вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток. Најголем интерес има од македонските државјани што се наоѓаат во Абу Даби (вкупно 447). За нив се финализираат техничките и логистичките детали за да се вратат со чартер-летови.

Во Израел бројката на македонски државјани што побарале помош останува непроменета. За некои од нив, односно шест лица, евакуацијата е завршена затоа што одлучиле на сопствен трошок со комерцијални летови да се вратат во Скопје, а другите шест лица во текот на денот се очекува да бидат транспортирани по копнен пат од Израел до Египет, а утре со владиниот авион да бидат вратени дома.

– Тие ќе бидат сместени на безбедна локација, во хотел, на товар на државата, а се очекува во текот на утрешниот ден со владиниот авион безбедно да полетаат кон Скопје – информира Министерството за надворешни работи.

Во Доха бројката на македонски граѓани што побарале помош е 136. Истовремено, нашите дипломатско-конзуларни претставништва прават и посебен план за евакуација на граѓаните што се во Бахраин и Кувајт.

Од Министерството апелираат до сите македонски државјани што се наоѓаат во погодените региони (Обединетите Арапаски Емирати, Катар, Бахреин и Кувајт), доколку сè уште не го сториле тоа, веднаш да стапат во контакт со надлежното дипломатско-конзуларно претставништво или со СОС-бројот на Министерството.

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува во постојан контакт и целосно на располагање на македонските граѓани, како и во редовна координација со надлежните локални власти, со цел безбедно и навремено спроведување на евакуацијата – се наведува во денешното соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мартовската пензија ќе биде линеарно зголемена за 1.000 денари
Следна Статија Орбан: Унгарската армија ја штити енергетската инфраструктура од евентуални украински саботажи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мајка и ќерка пронајдени мртви во село Слатино

36-годишна жена и нејзината керќа се пронајдени мртви во тетовското село Слатино, соопшти СВР Тетово, а нејзиниот сопруг ќе биде…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Чучуљ: Ќе се залагам за транспарентна работа на ДКСК

Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Адем Чучуљ денеска даде свечена заклетва пред претседателот на Собранието…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Савески: Подобро е истрагата за „Мазут“ да се запре отколку да заврши со ослободителни пресуди

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека принципиелно ја поддржува одлуката на надлежната обвинителка да ја запре истрагата за случајот…

June 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар

Во текот на вчерашниот ден, по барање на Градоначалникот Горан Герасимовски се одржа итен состанок на Штабот за заштита и…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?