Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Унгарската армија ја штити енергетската инфраструктура од евентуални украински саботажи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Унгарската армија ја штити енергетската инфраструктура од евентуални украински саботажи
СВЕТ

Орбан: Унгарската армија ја штити енергетската инфраструктура од евентуални украински саботажи

Објавено March 4, 2026 16:21
Сподели
Сподели

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека поради евентуални украински саботажи и судирот на Блискиот Исток, засилено е полициското и военото присуство на јавните места.

Тој во видеото објавено на платформата „Икс“ наведе дека војници се распоредени на 75 локации во земјата.

– Секој енергетски објект што користи руски енергент може да стане цел на украинските саботажи… гасоводот „Северен тек“ во воздух го кренаа Украинците, затоа одлучивме дополнително да ги заштитиме унгарските енергетски објекти – посочи Орбан.

Според него, поради судирот на Блискиот Исток, зголемена е терористичката закана во Европа и поради тоа е засилено полициското присуство на јавни места.

Тој им нареди на безбедносните служби посебно да ги следат лицата поврзани со екстремистичките исламски групи и дополнително да ја заштитат критичната енергетска инфраструктура.

Орбан истакна дека унгарската влада ќе формира посебна истражна комисија, која ќе ја провери состојбата на нафтоводот „Дружба“ и оти ќе побара Киев да им дозволи на унгарските инспектори да влезат во Украина за да ја проверат ситуацијата на терен.

– Унгарија нема да дозволи да биде уценувана. Ќе се спротивставиме на украинската уцена… Унгарија до решавање на спорот ќе ги блокира сите одлуки на Европската Унија што се важни за Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 600 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион
Следна Статија Санчез: И пред 23 години друга американска администрација предизвика војна на Блискиот Исток која донесе хаос во регионот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Израел за прв пат потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за прв пат потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на Хамас Исмаил…

December 24, 2024
СВЕТ

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа

Напорите за враќање на електричната енергија и греењето во областите во југозападен Берлин продолжуваат четврти ден по ред откако десетици…

January 6, 2026
СВЕТ

ЕУ за најавените царини од Трамп: Нема да се двоумиме, ќе одговориме

Европската унија ќе одговори на последните најави на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини, изјави денеска францускиот министер за…

February 10, 2025
СВЕТ

Маск се залага борбените авиони да се заменат со дронови

Милијардерот Илон Маск, кој е назначен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја води комисијата за намалување на трошоците…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?