Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова од Софија: Процесот на проширување на ЕУ мора да се темели на Копенхашките критериуми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова од Софија: Процесот на проширување на ЕУ мора да се темели на Копенхашките критериуми
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова од Софија: Процесот на проширување на ЕУ мора да се темели на Копенхашките критериуми

Објавено June 10, 2026 19:04
Сподели
Сподели

Процесот на проширување на Европската Унија мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес – истакнала претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на самитот на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка во ЈИЕ (ПСЈИЕ) во обраќањето на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“.

Повикувајќи се на зборовите на бугарскиот автор Георги Господинов дека „кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“, како што јави известувачот на МИА, таа предупредила на потребата од дебалканизација преку европеизација.

Сиљановска-Давкова истакнала дека европската интеграција е природна, како и геополитичка и безбедносна неопходност, а стабилен, просперитетен и европски Балкан е во интерес на сите држави во регионот, но и на Европа.

Претседателката во говорот укажала на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз кои пред три децении беше воспоставен овој процес. Потсетувајќи на проблемите со кои се соочува Југоисточна Европа, таа оценила дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското заостанување и влошените геополитички околности бараат храбро и одговорно лидерство, водено од заедничките интереси и солидарноста, а не само од парцијалните.

На состанокот, кој е затворен за медиумите, претседателката Сиљановска-Давкова повикала на регионална одговорност како гарант за чекорење кон предвидлива и сигурна заедничка иднина истакнувајќи дека успехот на секоја држава треба да се доживува како успех на целиот регион, а натпреварот да се води во знаење, иновации, култура и економски развој наместо во блокади и поделби.

На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби со претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова, и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу.

Денешниот самит во Софија го отвори бугарската претседателка Јотова, која зборуваше за важноста на ПСЈИЕ за соработката и добрососедските односи на 13-те земји, кои се дел од иницијативата, која денеска одбележува 30 години. Според неа, ПСЈИЕ има иднина, а тоа зависи од земјите што се дел од иницијативата. ПСЈИЕ, додала таа, мора да продолжи со изградба на регионален безбедносен систем и енергетска, транспортна и дигитална поврзаност.

Јотова во говорот потсетила дека Бугарија го ставила Западен Балкан во фокусот на своето прво претседателство со Советот на Европската Унија.

– Ставот на Бугарија отсекогаш бил дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од европското семејство, но со исполнети критериуми, постигнати резултати, одговорност и почитување на вредностите на ЕУ, од кои главна е заштитата на човековите права. Европската Унија не е само заеднички пазар, туку и споделени вредности – рече Јотова.

Самитот ќе заврши со прес-конференција на високи претставници на претходиот претседавач Албанија, сегашниот Бугарија, односно претседателката Јотова и идниот претседавач Романија.

Претпладнево министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски учествуваше и се обрати на министерскиот состанок во рамките на ПСЈИЕ.

ПСЈИЕ претставува највисок политички форум за регионална соработка во Југоисточна Европа и важна платформа за промовирање на добрососедските односи, политичкиот дијалог и европската интеграција на регионот. Иницијативата почна во 1996 година токму во Софија. Со текот на годините бројот на земји учеснички се прошири на 13 и сега дел од ПСЈИЕ се Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Молдавија, Романија, Северна Македонија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Твоја држава, твоја шанса“ – СДСМ со мерки за повисоки плати и пензии
Следна Статија Авион со речиси 200 патници кружел над Осиек бидејќи контролорот доцнел на работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стојчевски: Сум наоѓал брашно во ПП апаратите наместо прашок, сите што работат со сервисирање гледаат само да се замени картончето!

Борче Стојчевски од Здружение на инженери за заштита „Тутела“, за ТВ24 истакна дека голем дел од лицата кои работат со…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на литургијата во Кочани: Солзите што протекоа, течат без престан

Еве, помина една година од таа трагична ноќ во која настрадаа бројни млади македонски чеда. Времето продолжи да тече, деновите…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на Конгрес на ЕПП каде порача дека процесот на пристапување кон ЕУ мора да…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавена листа на најмоќни пасоши во светот: Шведска на врвот, Македонија на 78 место

Објавено е петтото издание на Глобалниот индекс на пасоши, кој ги рангира земјите според слобода на патување, квалитет на живот…

July 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?