Политики кои ќе ја вратат социјалната правда и економијата и ќе го стават човекот пред профитот. Ова се дел од мерките што ги најавува опозициската СДСМ во нивната програмата „Твоја држава, твоја шанса“.
Како што велат од таму, правда е минималната плата автоматски да се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите, велат од СДСМ.
-Државна поддршка за повисоки плати – намален данок на добивка или субвенционирање на придонесите за компаниите што ги зголемуваат платите. Праведно е државата да ги стимулира компаниите што ги зголемуваат платите, наместо да ги наградува оние што заработуваат на грбот на работниците. Правда е пензиите да растат и да обезбедуваат достоинствен живот. Затоа предвидуваме зголемување на пензиите до 50 проценти во еден мандат, изјави Јована Тренчевска, потпретседател на СДСМ.
