Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата
ЕКОНОМИЈА

Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата

Објавено June 23, 2025 10:26
Сподели
Сподели

 Годинава, очекувањата се економскиот раст да изнесува три проценти, додека на среден рок проекциите укажуваат на раст на економијата од околу четири проценти. Основното макроекономско сценарио упатува на солидна динамика на натамошно економско закрепнување, ова го истакна гувернерот Трајко Славески во интервју за порталот „Пари“.

Гувернерот посочи дека главен носител на растот се инвестициите, потпомогнато од најавениот јавен инфраструктурен циклус, но и од приливот на странски инвестиции и солидната кредитна поддршка на корпоративниот сектор од страна на банките.

– Минатата година, странските директни инвестиции достигнаа исклучително високо ниво од околу седум проценти од БДП, што сигурно ќе ѝ даде позитивен поттик на вкупната економија. Исто така, и на кредитниот пазар е видлива зголемената кредитна поддршка на компаниите. Она што можеме да го видиме преку податоците е постојаното зголемување и на расположливиот доход на населението и на кредитното финансирање на потрошувачката на домаќинствата. Оттаму, и оваа компонента на побарувачката ќе има позитивен придонес во растот. Во околности на нешто помалку поволно надворешно опкружување, годинава се очекува извозниот сектор да има скромна стапка на раст и постепено да закрепнува во следниот период, посочи Славески, напоменувајќи дека постојат и позитивни нагорни ризици, со тоа што дел од најавените инфраструктурни инвестиции не се вградени во целост во проекциите. На среден рок, пак, се очекува позитивно влијание од членството во НАТО и од членството во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), како и од новиот План на ЕУ за раст на Западен Балкан.

Во однос на инфлацијата, Славески посочи дека нагорната ревизија на проектираната стапка на инфлација е умерена и е направена само за оваа година.

– Оваа корекција ја одразува нешто посилната динамика на ценовниот раст од почетокот на годината, пред сѐ кај цените на прехранбените производи, но и нагорните ревизии за движењето на дел од увозните цени на светските берзи во следниот период. На среден рок проекцијата не претрпе промени, односно и натаму се очекува дека инфлацијата ќе се сведе на историскиот просек од два процента. Со ваквата проектирана патека кај домашната инфлација, се очекува распонот во однос на инфлацијата во еврозоната, кој веќе е значително намален во однос на оној во 2022 година, да продолжи да се стеснува, посочи гувернерот, потенцирајќи дека Народната банка ќе продолжи да делува во насока на остварување на ценовната стабилност, во координација со фискалната политика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Биткоинот падна под 100.000 долари откако САД го нападнаа Иран
Следна Статија Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Преписка меѓу адвокатот Митровски и Зоран Витанов: „Ги превесла луѓето и сега си ги бушиш“, тој пак врати: „Не критикувајте, не разбирате“

Зоран Витанов кој во изминатиов период е актуелен поради ситуацијата со компаниите „MyWorld“ и Лајконет, откако „МајВорлд“ отиде во стечај.…

August 31, 2025

Јапонски државни обврзници и акции паѓаат по зајакнувањето на јенот

Финансиски пазари покажуваат осцилации по движењата на јапонската валута

January 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски се сретна со преставници на нафтената индустрија: Нема простор за загриженост, состојбата е целосно под контрола

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски се сретнал со преставници на нафтената индустрија во Македонија. Разговаравме за актуелната состојба со нафтените…

March 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Време е за поднесување ДДВ-04 пријавите!

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ - 04 пријави дека рокот за…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?