Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Преписка меѓу адвокатот Митровски и Зоран Витанов: „Ги превесла луѓето и сега си ги бушиш“, тој пак врати: „Не критикувајте, не разбирате“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Преписка меѓу адвокатот Митровски и Зоран Витанов: „Ги превесла луѓето и сега си ги бушиш“, тој пак врати: „Не критикувајте, не разбирате“
ЕКОНОМИЈА

Преписка меѓу адвокатот Митровски и Зоран Витанов: „Ги превесла луѓето и сега си ги бушиш“, тој пак врати: „Не критикувајте, не разбирате“

Објавено August 31, 2025 11:34
Сподели
Сподели

Зоран Витанов кој во изминатиов период е актуелен поради ситуацијата со компаниите „MyWorld“ и Лајконет, откако „МајВорлд“ отиде во стечај. Витанов е помал акционер во „Мај Ворлд“, која е сопственик и на „Лајконет Австрија“, неодамна ја потврди информацијата за стечајот.

Деновиве, во Фејсбук коментари се „пецнаа“ со познатиот адвокат Јанаки Митровски.

Најпрво преписката меѓу двајцата започна во коментари, па подоцна Витанов објави и Фејсбук статус.

Во коментарите, Јанаки му напиша на Витанов: „Зоран ти си цар. Ги превесла луѓево и сега си ги бушиш. Така и треба за лековерници кои веруваат дека може да купат јахта во Монако од cashback“. На тоа Витанов возврати со: „ЈанакиЗнае ако не се лажам, вие сте адвокат. Не критикувајте нешто што не сте го разбрале. Пред да претпоставите измама, претпоставете си сопствено незнаење“.

Адвокатот подоцна во друг коментар додаде дека никаде не напишал измама, на што Витанов повторно возврати со „Одлично. Тоа сакав да слушнам“.

 

 

По преписката, Зоран Витанов објави скринсшот и во натписот на објавата напиша:

„Кога нешто не разбираш, не обвинувај – прашај; знаењето гасне сомнежи, незнаењето раѓа навреди.
Запомнете: 1)злобните и завидливите шират невистини, 2)будалите веруваат, а 3)најглупавите ги пренесуваат понатаму.
Кога адвокати клеветат по социјални мрежи, наместо да го процесираат тоа што го зборуваат, кога новинари свесно шират лаги за вас, а не ви се јавиле да ве прашаат, јасно е дека СВЕСНО МАНИПУЛИРААТ, а вас ве обвинуваат за манипулација. КРАДЕЦОТ ВЕЛИ ДРЖТЕ ГО КРАДЕЦОТ! Дали сега ви е јасно зошто хигиената во општеството ни е таква, особено менталната?“, напиша Витанов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Куклата „Лабубу“ и донесе профит од речиси 600 милиони евра на компанијата „Поп Март“
Следна Статија Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 1 година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Првиот маркет на Лидл ќе биде отворен во Ново Лисиче

Камен темелник на најновиот продажен маркет на „Лидл“ ќе биде поставен утре, среда, во 11 часот. Локацијата е во општина…

September 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Емилија Нацевска: Кога плаќањата се извршуваат без напор, економијата расте со доверба

„Единствената област за плаќања во евра, СЕПА, веќе е дел од нашата реалност. Тоа не е само симбол, туку и…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во првите 6 месеци извозот расте повеќе од увозот- очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит, вели Мицкоски

„Во првите шест месеци после долго време извозот повеќе расте во однос на увозот.“, посочи премиерот Христијан Мицкоски при посетата…

August 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените…

March 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?