Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
ЕКОНОМИЈА

Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар

Објавено March 7, 2025 14:23
Сподели
Сподели

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 77,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе се продава за 72 денара за литар, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 71,5 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 43,501 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 5,418 отсто, кај дизелот за 3,412, кај екстра лесното масло за 3,198 и кај мазутот за 1,854 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3912 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судот во Стразбур со позитивна одлука за случајот „Рекет“- Боки 13 најави кривични против Русковска и Заев
Следна Статија Мицкоски: Кога од опозицијата коментираат со лаги, измислици и навреди, ги загрозуваат нашите стратешки интереси заедно со нашиот стратешки партнер САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години

Во текстилниот сектор за 14% е намален бројот на работници во текот на оваа година, покажуваат анализите на Ангел Димитров…

November 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

150 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Втора инвестиција од белгиската „Авеста холдинг“ во Македонија во вредност од 26 милиони евра

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски по повод официјализирање на новата инвестиција во вредност од 26 милиони евра на белгиската Авеста…

July 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски”

На својата фејсбук страна, вицепрмиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави видео од новоизградениот Западен Булевар во Гевгелија, кој…

July 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?