Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судот во Стразбур со позитивна одлука за случајот „Рекет“- Боки 13 најави кривични против Русковска и Заев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судот во Стразбур со позитивна одлука за случајот „Рекет“- Боки 13 најави кривични против Русковска и Заев
ХРОНИКА

Судот во Стразбур со позитивна одлука за случајот „Рекет“- Боки 13 најави кривични против Русковска и Заев

Објавено March 7, 2025 14:18
Сподели
Сподели

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе позитивна одлука по изразената апликација од страна на адвокатот Сашко Дукоски за случајот „Рекет“, каде беше нападната пресудата за случајот „Рекет“ по повеќе основи, соопшти утрово Бојан Јовановски – Боки 13 на својот Фејсбук профил.

Позитивната одлука на судот во Стразбур, напиша тој, е доказ за важноста на меѓународните правни механизми во заштитата на основните човекови права и слободи, фер и правично судење пред непристрасен суд.

„По конечно завршување на постапката во Стразбур, ве известувам дека од моја страна заедно со мојот правен тим ќе ги преземеме сите понатамошни чекори пред домицилните органи со крајна цел да се исправи историската неправда нанесена со политички нарачаната пресуда за случајот ‘Рекет’, во која имаше сѐ, само право не. Граѓаните и јавноста ја заслужуваат вистината за овој фамозен случај ‘Рекет’ преку утврдување на точна и вистинска фактичка состојба во законита постапка каде ќе се утврдат факти и ќе се добијат одговори на сите отворени прашање кои оставија правна и стварна дилема за овој случај, со цел и намера да се заштитат високите интереси на вистинските виновници. Воедно, ве информирам дека донесена е и уште една позитивна одлука при ЕСЧП во Стразбур и прифатена е апликацијата која се однесува на моето незаконско држење во притвор, нечовечно постапување и тортура. По сето ова, ќе поведам постапки за кривичен прогон против Вилма Русковска како тогашен јавен обвинител, Зоран Заев како тогашен премиер и против уште најмалку десетина лица кои директно се виновни во и за случајот ‘Рекет’, секој од нив со свои дејствија на извршување со место, време и начин на извршување на кривични дела“, напиша Боки 13.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фактурата за 60 авионски билети за посетата на Унгарија е 2,6 а не 12 милиони денари, вели премиерот
Следна Статија Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Несреќа во Кочани: Повредени четири лица, две од нив се малолетни

На 20.12.2025 во 05:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат с.Оризари – с. Прибачево, кочанско кај…

December 21, 2025
ХРОНИКА

Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар

Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар. Како што…

December 27, 2025
ХРОНИКА

Маж почина во градскиот пазар во Свети Николе

На 17.04.2026 во 16:30 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот пазар во Свети…

April 18, 2026
ХРОНИКА

Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино

По течението на реката Црна во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино гори трска висока и до три метри, изјави за…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?