Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Кога од опозицијата коментираат со лаги, измислици и навреди, ги загрозуваат нашите стратешки интереси заедно со нашиот стратешки партнер САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Кога од опозицијата коментираат со лаги, измислици и навреди, ги загрозуваат нашите стратешки интереси заедно со нашиот стратешки партнер САД
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кога од опозицијата коментираат со лаги, измислици и навреди, ги загрозуваат нашите стратешки интереси заедно со нашиот стратешки партнер САД

Објавено March 7, 2025 14:27
Сподели
Сподели

Многу суштинско прашање, посебно после она што вчера се случуваше на состанокот на Европскиот совет, кога не помина едногласно одлуката за буџетот, нешто што е многу важно.“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање околу состојбата во Украина и во однос на обвинувањата од страна на опозицијата за начинот на кој гласаше Македонија за Резолуцијата на Европска Унија за Украина.

Тој е дециден дека никој не треба да има дилема дека наша стратешка цел е полноправно членство во Европската Унија, но исто така наш стратешки партнер се Соединетите Американски Држави.

„Бев критикуван во минатото од страна на тогашната власт и некои во тоа време аналитичари од страна на власта дека сме биле повеќе кон Исток, отколку кон Запад, сега кога сме многу кон Запад, зошто сме толку многу кон Запад итн. Јас ги разбирам, јас не можам нивниот гнев и начин на формирање на измислици и креатури да го оправдам, но ги разбирам. 

Фрустрирани се, надежта се враќа кај граѓаните, се гради, гледате проекти, индикаторите се позитивни и сето тоа е во ред. Но, на тој начин кога коментираат тие ги загрозуваат нашите стратешки интереси, заедно со стратешкиот наш партнер Соединетите Американски Држави. 

Кога анализираат со лаги и измислици и кога навредуваат. Знаете еден аналитичар, многу близок до сегашната опозиција, порано власт, кој што, морам да признам, изнесе една планина клевети, навреди кон претседателот на Соединетите Американски Држави, и не излезе во јавноста ниту тој да се извини нити тие коишто го поддржуваат, а тоа е сегашната опозиција, поранешната власт, односно сегашната опозициска коалиција Левица, СДСМ и ДУИ. Нити пак тие излегоа.“, истакна Мицкоски.

Премиерот Мицкоски очекува во периодот којшто следи, да биде потврдено она што еднаш го кажа, и тоа веќе се потврдува, најголемиот дел од европските лидери ќе бараат средба со претседателот Трамп и ќе бараат начин како да се стави крај на овој конфликт, предизвикан од руската агресија во Украина.

„Јас сум убеден дена ние како државата треба да позиционираме заедно со нашиот стратешки партнер, убедени сме во Владата дека, тоа е правецот во којшто ние како држава треба да се движиме и во име на тоа беше и нашата поддршка, како Влада, на Резолуцијата која беше поднесена од страна на Соединетите Американски Држави, како резултат на тригодишнината од почетокот на руската агресија во Украина, во рамките на Обединетите Нации.“, подвлече Мицкоски и додаде:

„Дека нашиот став беше исправен, потврдата стигна во гласањето во Советот на безбедност, којшто како одлука носи конечни одлуки, каде што голем дел од постојаните земји членки на Советот на безбедност, а се дел и Европската Унија, но и оние коишто се повремени членки, а се дел од Европската Унија, не гласаа против, туку гласаа воздржано. Ако тие беа против, можеа да гласаат против и да ја блокираат. 

Тие не ја блокираа, со што Резолуцијата во која ние како ко-спонзори бевме заедно со уште други три држави, а поднесена од Соединетите Американски Држави, стана обврзувачка резолуција. Така што тоа е правецот којшто треба оваа Влада, според мое мислење, да го следи и цениме дека траен, одржлив мир во Украина е нешто што на Европа и е потребно, но и на светот му е потребен.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
Следна Статија Мицкоски: Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и ќе управува со паркингот во клинички центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Струмичка поезија: Во време на тишина со замислен поглед Костадинов зборувал

На фејсбук профилот на ТВ Канал Вис Струмица Костадин Костадинов, актуелниот градоначалник на Струмица пишува поезија. Тој се обраќа до…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски му посака стабилна влада на Борисов

Премиерот Христијан Мицкоски телефонски се слушна со Бојко Борисов. Во разговорот му посака стабилна влада која ќе ги отстрани пречките…

October 28, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Не може државата да биде заложник на веледрогеријата Пановски, која е во блиски релации со Филипче

Тоа што веледрогеријата Пановски, преку тогашниот министер за здравство Венко Филипче, испумпувала милиони преку тендери, не смее да остане така,…

January 26, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Состојбата во земјоделието е алармантна, негрижата на власта го уништува

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека Владата на Христијан Мицкоски ја загрозила егзистенцијата на земјоделците, посочувајќи дека ситуацијата…

April 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?