Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и ќе управува со паркингот во клинички центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и ќе управува со паркингот во клинички центар
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и ќе управува со паркингот во клинички центар

Објавено March 7, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Владата нема донесено таква одлука и не знам од каде е таа информација, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање по објавите за избор на фирмата „Ѓока констракшн“ преку јавно-приватно партнерство да гради и управува со паркингот во Клинички центар во Скопје. Мицкоски посочи дека при изборот ќе се земат во предвид бонитетот и кредибилитетот на компанијата.

– А што ќе земеме предвид? Во предвид ја земаме тендерската спецификација и се разбира, фирма што нема кредибилитет, нема бонитет, ниту технички карактеристики, нема да биде избрана и тука сето тоа завршува. Бидете сигурни. Јас разбирам дека има потреба од сензација, напад кон Владата, но оваа влада работи поинаку од досегашниот принцип, односно одлуките кои оваа Влада ги носи се исклучиво во интерес на граѓаните и нема да биде поинаку. Така што, бидете сигурни секоја одлука којашто ја носи оваа влада е исклучиво во интерес на граѓаните, рече Мицкоски, при денешната посета на населбата Драчево во општина Кисела Вода, во одговори поврзани со компанијата,

Според него, оваа информација е измислена за да се напаѓа владата и нејзината работа.

– Ако ние бараме начин како да ја напаѓаме владата за нешто што не се случило, тогаш можеме и да измислуваме работи. Но јас ви кажувам дека таква одлука нема донесено владата, подвлече премиерот.

Во врска со прашањето за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза, министерот за здравство Арбен Таравари претпладнево изјави дека договорот ќе биде потпишан доколку по првичната помината процедура помине уште неколку филтри.

– Не е потпишан. Паркингот на Клиничкиот центар секогаш прави многу нервоза. Ако за понудата, еве слушам, секогаш многу ми значи јавноста што ќе каже, ако ми кажат дека нешто не е во ред, пуштено е и во Влада, ако и таму ми кажат дека има одредени пропусти, нема да имаме ништо. Ќе го поништиме, ќе објавиме нов, но само ќе изгубиме една година, рече Таравари, на новинарско прашање при посетата на Клиниката за инфективни болести.

Таравари појасни дека рокот за стопанисување со паркингот не е 20 години, како што е предвидено со физибилити студијата и нема да биде повеќе од седум до 10 години.

Рокот за изградба на монтажните катни гаражи доколку биде потпишан договорот, како што рече, најверојатно е шест месеци до една година. Владата на седница на 20 август минатата година донесе одлука да се градат монтажни катни гаражи на Клинички центар со јавно-приватно партнерство и формираше Комисија за спроведување на постапката. Со паркингот на Клиничкиот центар моментно стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Кога од опозицијата коментираат со лаги, измислици и навреди, ги загрозуваат нашите стратешки интереси заедно со нашиот стратешки партнер САД
Следна Статија Ангеловска-Бежоска: Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Цветановски: Одговорно тврдам дека не постојат основи за дисциплинска постапка

Против доскорашниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски ќе биде поведена дисциплинска постапка поради…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Иселениците почнаа да се враќаат, тоа е резултат на новите политики на Владата,вели министерката за образование

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека првите статистички податоци веќе покажуваат прилив на иселеници кои се…

April 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Наместо да не’ поддржуваат, соседите ни ставаат вето

Она што Обединетите нации се за светот, Европската унија е за Европа – мултилатерален проект со една врвна цел –…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пронајдените пари се на родителите, не на судијата Ристов, тврди неговиот адвокат

Адвокатот Звонко Давидовиќ, кој е бранител на судијата Ѓоко Ристов, вечерва од пред судот за ТВ Сител кажа дека парите…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?