Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска: Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска: Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата

Објавено March 7, 2025 16:42
Сподели
Сподели

„Успехот на секоја жена е инспирација за друга. Денес сме опкружени со бројни примери на успешни жени кои секојдневно докажуваат дека посветеноста, упорноста и трудот се вреднуваат во општеството. Според одредени научни истражувања, жените на лидерските позиции во централните банки претставуваат значаен столб во справувањето со бројните предизвици“, истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуто за Агенцијата „Марили“ по повод Меѓународниот ден на жената, во кое се осврнува на повеќе актуелни теми во однос на макроекономската состојба, но и на женското лидерство во времиња кога нашата држава се соочува со значителни предизвици.

Притоа, и покрај предизвиците, Народната банка посветено работи и на структурни проекти во повеќе домени. Оваа посветеност на тимот на Народната банка е позитивно оценета од страна на релевантни меѓунарoдни институции, а последна во низата е вчерашната одлука на Европскиот совет за плаќања, којшто позитивно го оцени поднесеното барање и извести дека нашата држава стана 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).

„Пристапот кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) е историски исчекор којшто им овозможува на нашите банки, и покрај тоа што не сме членки на ЕУ, да пристапат на европските платежни системи. Се очекува дека овој процес ќе донесе повеќе придобивки за целокупната економија, коишто сигурно ќе бидат највидливи во однос на заштедата на средства и време при вршењето плаќања кон земјите од Европската Унија. Ако се земе предвид дека во моментов, трошоците за плаќањата од ЕУ кон земјите од Западен Балкан се повисоки за 12 пати во однос на трошоците за плаќање помеѓу земјите од ЕУ, СЕПА би требало да доведе до поефикасни, исплатливи и побрзи прекугранични плаќања“, истакна Ангеловска-Бежоска посочувајќи дека за граѓаните, членството во СЕПА е особено значајно во делот на намалувањето на трошоците за дознаките од странство.

Според процените на Светската банка, трошоците за дознаките би се намалиле за околу 3 отсто, што ќе доведе до заштеда од половина милијарда евра на ниво на регионот на Западен Балкан. Инаку, трошоците за дознаки во моментов се проценуваат на околу 6,71 отсто од вкупната трансакција.

„Членството во СЕПА би придонесло за побрза дигитална трансформација на нашиот финансиски сектор. Со намалувањето на зависноста од готовинските трансакции и застапувањето на дигиталните начини на плаќање, ќе се поддржи развојот на помодерен, побезбеден, флексибилен и инклузивен финансиски екосистем“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска во интервјуто за Агенцијата „Марили“ во кое се осврна на потребата од поголема вклученост на жените при пристапот до финансии, како и на примената на дигитализацијата од страна на жените претприемачи, но и на зголемувањето на развојот на женското претприемаштво во нашата земја заради поцелосно и ефикасно користење на целиот човечки потенцијал и остварување поголем економски раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и ќе управува со паркингот во клинички центар
Следна Статија Binance го слави Меѓународниот ден на жената со глобални настани за финансиска еманципација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска, дизелот поевтинува за четири денари

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува…

May 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Растe цената на нафтата

Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот „Брент“ денес се искачи над 103 долари за барел. Порастот доаѓа по…

April 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Минималните трошоци за четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар, барањето за зголемување на платите е оправдано

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на прес-конференција ги објави најновите податоци за Синдикалната минимална кошничка и за тоа дали…

January 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите

Премиерот Христијан Мицкоски очекува добар резултат од за в недела закажаните преговори со банките во Министерството за финансии за субвенционирање…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?